РИБАРО
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, како што дознава екипата на АХА, му предложил брак на рускиот претседател Владимир Путин.
– Да се направиме јас и ти – едно, агејн?!, му предложил Трамп на Путин, јавуваат нашите извори брифирани од послугата на Меланија.
Според протечените информации, венчан кум на свадбата би бил унгарскиот премиер и заеднички пријател на Трамп и Путин, Виктор Орбан, а за први резерви – деверуши, се споменуваат имињата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и премиерот на Нашата земја – Христијан Мицкоски.
Откако дознала за плановите, сопругата на Трамп била многу бесна, па како што јавуваат нашите извори, токму тоа и било причината Миланија да одбие да се пресели во Белата куќа во Вашингтон.
– Ќе ми објасни ли некој, како е можно во САД, човек што е во брак да предлага брак на друг?, прашувала Меланија.
Тимот на Трамп што во јануари и официјално ќе го преземе водството во САД, ѝ одговориле дека „со оглед на изборните резултати, Трамп го има целосниот легитимитет добиен од американскиот народ да прави што му е по ќеф, па било тоа и нов брак“, дознава АХА.
Ако се оствари најавата ова ќе биде ВИП свадба на векот.
Сите главни улоги во брачната поворка, како што може да се забележи, се неприкосновени лидери во своите земји.
– Ова е голема чест за Нашата земја, кратко искоментираа од Кабинетот на Мицкоски за АХА.
Официјален Кремљ, сè уште не се изјаснил за понудата
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK