ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Повеќе од 40.000 луѓе пред парламентот на Нов Зеланд во знак на поддршка на Маорите

November 19, 2024 09:19
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 40.000 луѓе денеска се собраа пред Парламентот во Велингтон, Нов Зеланд, во знак на поддршка на правата на Маорите и против предложената легислатива што ќе го промени значењето на основниот договор од 1840 година меѓу Британија и домородните Маори.

Иако протестот беше насочен против законот кој ќе го промени толкувањето на клучниот договор меѓу Маорите и британската круна, многумина го гледаа како прослава на оживувањето на јазикот и идентитетот на Маорите, кои беа речиси уништени за време на колонизацијата.

Организаторите ја истакнаа важноста на борбата за правата на предците и генерациите што доаѓаат. Меѓу учесниците на протестот имаше луѓе кои не се Маори, многумина носеа знамиња за суверенитет на Маори или други знамиња, како што се знамињата на Самоа, Тонга, Австралија, САД, Израел и палестински знамиња.

Критичарите сметаат дека предложениот закон ќе предизвика уставна криза и ќе ги намали посебните права што им се доделуваат на Маорите по децениски прекршувања на нивните права. Иако не се очекува да се усвои никакво законодавство, повеќето се согласуваат дека протестот го одразува растечкото ниво на солидарност меѓу Новозеланѓаните од секакво потекло во однос на правата на Маорите.

Поврзано: 

(ВИДЕО) Хака во Парламентот на Нов Зеланд поради гнев од контроверзен предлог-закон

Tags: МаориНов Зеландпротести
Next Post

СДСМ: Мицкоски увезува, граѓаните плаќаат - Нови 10 милиони евра за скапа струја

Shortcut

Најново

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk