Во рускиот ракетен напад врз Одеса на 18 ноември загинаа 10 лица, а 47 беа повредени. 19 ноември е прогласен за ден на жалост во градот.
Ова го напиша на Телеграм, шефот на регионалната воена управа на Одеса, Олех Кипер, пренесува Укринформ.
„Засега бројот на повредени е 47 лица. На местото на настанот продолжува отстранувањето на последиците од нападот на непријателот, а борбата за животот и здравјето на настраданите продолжува во болниците. Утре, 19 ноември, во Одеса и во регионот е прогласен ден на жалост поради смртта на 10 лица“, напиша тој.
Претходно беше соопштено за 39 повредени лица како резултат на руски ракетен напад врз Одеса.