ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Новинарот Јонузи од Фронтлајн ја доби наградата „Ванѓуш Гамбета“ – за најдобро економско известување во печатени и онлајн медиуми во Северна Македонија

November 21, 2024 10:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Наградата за најдобро економско известување во печатени и онлајн медиуми во Северна Македонија ја доби новинарот Дестан Јонузи од порталот Фротнлајн, како и новинарите Арлинда Сејда новинар во државната косоваска Телевизија РТК, Деада Хика (Монитор.ал) и Ерблина Миле (АБЦ Њуз) за најдобро економско известување во Албанија во 17-тото издание на Новинарскиот конкурс „Ванѓуш Гамбета 2024“ организиран од Унијата на новинарите албанци (УНА) со седиште во Тирана.

Церемонијата беше организирана во хотелот „Swiss Diamond“ во Приштина, каде што присуствуваа и политички претставници, амбасадори, претставници на стопанските комори, граѓанското општество од Албанија, Косово и Северна Македонија, како и претставници на компанијата „Japan Tobacco International“. На овој настан присуствуваше и претседателот на Стопанската Комора на северо-западна Македонија, Менди Ќира. Почесен гостин беше амбасадорот на Република Албанија во Приштина, Петрит Малај и амбасадорот на Јапонија, Мизучи Тацута.

„Почестен сум што ја добив оваа награда! Оваа награда ја прифаќам и во име на моите колеги, кои ме охрабрија и ме поддржаа во мојата работа. Благодарен сум што Унијата на новинари на Албанија одлучи да му оддаде почит на новинар од Северна Македонија – кој пишува во медиум на македонски јазик, но и на Албански. Оваа церемонија ја подигнува нашата работа како новинари во институцијата за почит, како и во наша општа култура. Уште повеќе кога една професија како што е новинарството, во времето во кое живееме, е толку погрешно разбрана толку и оспорена. Па се чувствувам добро што некој размислува за оваа хумана професија“, рече во својот говор при доделувањето на наградата новинарот Дестан Јонузи.

Темите за кои пишуваше Фронтлајн и беа наградени со оваа награда беа неодобрувањето на уставните измени и влијанието на ова доцнење врз економијата на Северна Македонија, минималната плата и потрошувачката кошничка – справување на граѓаните со пазарните цени…

Александар Чипа и новинарот Јонузи

Претседателот на Унијата на новинарите Албанци, Александар Чипа, рече дека преку овој настан – се обединуваат претставници на институциите и новинарите, кои се соочуваат со своите ставови и предизвиците што ги доживуваат без разлика на административната единица во која живеат.

– Се трудиме да го цениме трудот и пожртвуваноста на нашите колеги за да создадеме најдобри можни услови за работа, како и да негуваме вистинско новинарство. Исто така, би сакал да го споделам со вас образложението дека ние како организација долги години успеваме да воспоставиме хиерархија на оценување во рамките на стручната заедница на новинарите…, рече Чипа.

Наградата „Репортер на годината“ за 2024 година ѝ беше доделена на новинарката Глидона Даци (Клан њуз), а истата награда ја добија и новинарот Фреарт Риста од истражувачката емисија „Пирањат“.

Новинарот Шабан Синани и Јонузи

Наградата „Исмет Белова“ за спортско новинарство му беше доделена на новинарот Шабан Синани (Тетово).

Наградата „Кариера“ ја доби новинарката Рудина Џунга (Топ чанал) како новинарка со професионално значење во традиционалните и новите албански медиуми неколку децении по ред. Во своето секојдневно известување се карактеризира со лојалност кон човечките суштества, вредности и квалитети на здраво и морално општество.

Наградите беа доделени во Приштина, на свечена церемонија на која и претходеше форум на тема „Предвидливоста како клуч за економската стабилност и борбата против нелегалните активности“.

На доделувањето на наградите и претходеше форум на тема „Предвидливоста како клуч за економската стабилност и борбата против нелегалните активности“.

Инаку, за прв пат доделувањето на економското награда „Ванѓуш Гамбета“ започна во 2009 година и е финансиски поддржано од компанијата „Јапан Тобако Интернешнл“ (ЈПИ). Новинарската награда „Ванѓуш Гамбета“ е највисоката награда која се доделува од УНА, каде учествуваат економски новинари од Албанија, Косово, Северна Македонија и диаспората.

Фронтлајн е оценет од УНА, за еден од највлијателните медиуми во Северна Македонија и во регионот.

Амбасадорот Малај и Јонузи
Tags: Ванѓуш ГамбетаДестан ЈонузиФронтлајн
Next Post

Без струја утре делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода

Shortcut

Најново

Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk