ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

(ВИДЕО) Меѓусебни препукувања за инцидентот во Собранието: Мицевски изразува згрозенот од односот на Апасиев; Мециновиќ вели ДПМНЕ сервира пцости и насилство

November 21, 2024 18:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

На денешната седница во Собранието, посветена на пратенички прашања, беше избегнат инцидент со физичка пресметка меѓу пратеници од Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

После скандалот, координаторите на пратеничките групи од Левица и ВМРО-ДПМНЕ со објави и соопштенија продолжија меѓусебно да се обвинуваат за тоа кој бил виновен за инцидентот во Собранието.

– Најпрво како човек, а потоа како пратеник и координатор на пратеничка група во Собранието, сакам да изразам огромна згрозеност од денешното недолично, безобразно и срамно однесување во Собранието, на претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, напиша на неговиот фејсбук профил Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ.

– Очигледно, комплексите, нервозата и агресијата, домашното невоспитание и недостигот на основна култура, денес ја доживеаја својата кулминација. Неконтролираниот излив на физички и вербален бес и навреди на лицето Димитар Апасиев кон колегите пратеници, мажи и жени, беше само уште еден очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание и „лајкови“ на социјалните мрежи, објави Мицевски.

Единственото добро што може да произлезе од ова ниско, скандалозно и срамно однесување на Димитар Апасиев, пишува тој, е тоа што целата македонска јавност, во живо на собранискиот канал, имаше можност да види и да се увери во вистинското лице на Д. Апасиев и начинот на кој што нивната „фејсбук“ партија делува, размислува и се однесува.

– Јавно извинување и искрено каење за недоличните зборови и постапки кон колегите пратеници од страна на човек кој не поседува основни човечки вредности и достоинство, не барам, а искрено и не очекувам. Но барем, очекувам да се покае и извини до сите жени, мајки, сестри, сопруги и девојки кои денеска тој, индиректно најбрутално ги навреди и понижи. На крајот би упатил порака со надеж и желба, овој срам никогаш да не се повтори!, напиша на фејсбук Никола Мицевски.

Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство, рече пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, на преес-конференција во Собранието

„Втори пратенички прашања по ред ,ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци. Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување“, рече Мециновиќ.

Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев, вели Мецинивиќ, кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство.

„А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица. Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега. Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме пожустро“, истакна Мециновиќ.

Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот. На тоа процедурално реагираше координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој обвини дека се изигруваат правилата. Откако за процедурална реакција се пријави координаторот од Левица Борислав Крмов и почна да се движи кон говорницата дојде до препирки меѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Ј. Ѓ.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕЛевицаМециновиќМицевскискандал Собрание

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk