ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: СДСМ мора да биде во секое време достапна за новинарите, не може медиумите да немаат кому да се обратат за став

November 27, 2024 16:30
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред СДСМ стојат големи предизвици во наредниот период. Едно е сигурно, на оваа партија не и недостигаат јасни демократски принципи и социјалдемократска идеологија“, велат политички аналитичари, зборувајќи за понатамошниот пат на СДСМ по одржувањето на 30-тиот партиски конгрес.

Љубиша Николовски – новинар и политички аналитичар вели дека засега СДСМ треба да е задоволен што успеа да го одржи 30. Конгрес ако се има предвид дека имаше големи турбуленции пред неговото одржување. Тој истакнува дека пред СДСМ стојат големи предизвици во наредниот период.

– Едно е сигурно, на оваа партија не и недостигаат јасни демократски принципи и социјалдемократска идеологија. Проблемот е што тоа на некој начин останува конзервирано претежно во рамки на партијата и на нејзините природни поддржувачи во општествено-социјалното миље. Но тоа тешко излегува надвор или потешко се конзумира од пошироките народни маси кои историски гледано од осамостојувањето се претежно ВМРОвски настроени, без разлика што тоа значи објективно. СДСМ токму поради ваквата позиционираност на мнозинството, е постојано во дилема дали да остане верна на своите идеолошки принципи, или да инклинира кон благ популизам за да се прикаже како народна партија, иако по дифолт тие се граѓански ориентирани, анализира Николовски.

СДСМ, додава тој, имаше напорен но добро изменаџиран период на владеење.

– Она каде што СДСМ најмногу потфрла е работата на терен и односот кон медиумите. Се плашам дека тоа така и ќе остане и во наредниот период. Тие, раководството, има отпор или страв кон спуштање меѓу широките народни маси и непосреден контакт со нив, освен за време на кампањите пред избор кон нив. Па и тогаш тоа е добро организиано да бидат меѓу своите. Веројатно имаат лошо искуство од навредите за предавници, северџани и сл. Но ако веќе во своите говори се повикуваат на наследство од АСНОМ, на партизаните и сл. треба да знаат дека тоа движење – комунистичкото, настапувало храбро пред народот, во време кога било забранувано и кога летале глави. Сега треба да се ослонат на оние кадровски сили со кои располагаат. Колку се толку се, токму се, подвлече тој.

Според него, СДСМ и раководството треба да сфатат дека партијата не може да ја „снема“, кога се на власт.

– Владата е нешто друго, таму функционираат други правила, коалициски договори, компромиси и т.н. Но базата во секоја смисла на зборот е во партиското седиште. Јас дури и би му порачал на сегашниот лидер да се повлече на Бихачка и од таму да ја води партијата. Таму треба да се гради партиски став по секое прашање кое ќе важи и за пратениците и за младите и за оние на терен. СДСМ мора да биде во секое време достапна за новинарите. Тоа било пракса секогаш во СДСМ. Не може медиумите да немаат кому да се обратат за став или да чекаат по два дена за тоа. Консолидација значи и кадровска и програмска и теренска. нагласи нашиот соговорник.

Дестан Јонузи

Tags: Венко ФилипчеКонгресЉубиша НИКОЛОВСКИСДСМ
Next Post

Пред партиското седиште Бериша дочекан како херој, за него Рама е најголем криминалец

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk