Министрите во јужнокорејската Влада се подготвуваат да поднесат колективна оставка, јави јужнокорејскиот весник „Чосун Илбо“.
Информацијата доаѓа откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол вчера воведе воена состојба, па ја укина откако парламентот гласаше против декретот.
Јун соопшти дека воведува воена состојба за да се спротивстави на „антидржавните сили“ меѓу неговите противници.
Ова е најголемата политичка криза во Јужна Кореја во последните неколку децении.