ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промоција на „Тони“ – првиот роман на Румена Бужаровска

December 4, 2024 08:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Во „Јавна соба“ во Скопје денеска ќе се одржи промоција на првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска – „Тони“, во издание на „Три“. Романот ќе биде промовиран со разговор меѓу Бужаровска, писателот Петар Андоновски и поетесата и главна уредничка на „Медуза“, Калиа Димитрова.

-„Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие, се вели во соопштението за романот.

Од Издавачки центар „Три“ го опишуваат романот како брутално комичен и длабоко трагичен, посочувајќи дека реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.

„Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него. Ставајќи се себеси на прво место, Тони неприкосновено се држи за својата илузорна дефиниција за личната слобода“, велат од ТРИ. Тони тоне, удолу го влече товарот на неговиот лежерен став кон животот, недостигот на сопствен интегритет и живеењето на стара слава, која исто така е под знак прашалник.

Од „ТРИ“ посочуваат дека „Тони“ е роман напишан на жив, остар и современ јазик во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, која стекна голема популарност со своите раскази и со романизираните есеи „Господ, па Америка“.

Tags: „Тони“Румена Бужаровска
Next Post

Отворање на изложбата „Се за портретот“ во галеријата „Остен“

НАЈНОВО

Ликовна изложба во Скопје на штитеници од Психијатриската болница во Демир Хисар

September 3, 2025

Граѓаните на ЕУ очекуваат повеќе единство и средства за справување со кризи

September 3, 2025

Германија предводник во Европа по нови ветерни електрани

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој ќе ја спаси Македонија од новото задолжување?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk