ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Израел ги нарече „целосно лажни“ обвинувањата на Амнести за геноцид во Газа

December 5, 2024 10:44
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Израел го отфрли како „целосно лажен“ денешниот извештај на Амнести Интернешнал, во кој се обвинува за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа.

– Нечесната и фанатична организација Амнести Интернешнал уште еднаш произведе измислен извештај кој е целосно лажен и заснован на лаги, се вели во соопштението на израелското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека наместо тоа, невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година бил „геноциден“.

– Израел се брани себеси … постапувајќи целосно во согласност со меѓународното право, се вели во соопштението.

Амнести Интернешнал денеска објави извештај во кој го обвини Израел за геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, истакнувајќи дека израелската војска намерно извршила воени злосторства.

Организацијата за човекови права, во извештај од 300 страници, наведе дека за време на израелската офанзива, армијата намерно им донела страдање и уништување на луѓето што живеат во Газа.

– Нашите наоди мора да послужат како повик за будење до меѓународната заедница: Ова е геноцид. Мора веднаш да престане, рече во изјавата генералната секретарка на Амнести Интернешнл Ањес Каламар.

Израел постојано ги отфрла ваквите обвинувања, нарекувајќи ги своите дејствија одбранбени и повикувајќи се на своето право на самоодбрана.

Групата за човекови права објави извештај за Блискиот Исток во кој се вели дека таквите акции не може да се оправдаат со терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната, или со присуството на вооружени борци во цивилните области.

Амнести нагласи дека Израел „има за цел да ги уништи Палестинците“.

Земјите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел ризикуваат да станат соучесници, се предупредува во извештајот. Организацијата повикува на итен прекин на, како што вели, геноцидот, воспоставување прекин на огнот и ослободување на сите заложници.

Next Post
Фото: А. Ѓорѓиоска / Фронтлајн

ЦУК: Патот до село Дуф прооден, ќе се расчистува патниот правец Маврово - Галичник

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk