ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Предложениот буџет го премолучува реалниот дефицит и форсира селективност во однос на платите и пензиите

December 10, 2024 15:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста, ниту нуди одржливи политики што ќе овозможат структурни реформи, економски раст и развој. Поттикнува селективност и прави суштинска неправда кога станува збор за пензиите и платите кај вработените во јавниот сектор, не го прикажува реалниот дефицит и демонстрира крајно игнорантски однос кон експертите. Без инклузивен модел кој ќе ги вреднува сите, предложениот буџет станува монолог на власта, наместо дијалог со граѓаните, оцени денеска пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Во рамки на собраниската расправа, Битиќи укажа дека огромни суми одат на нерационални проекти без каква било економска оправданост, како мебел и возила за функционерите, поради што, рече, „предложениот буџет не се грижи за граѓаните, туку за елитата“.

-Се премолчува реалниот дефицит кој го потхранува јавниот долг. Буџетскиот дефицит од 4 отсто од БДП е јасен показател за неодгворност. Три проценти треба да изнесува максималниот дефицит или во овие вонредни околности може да биде најмногу 3,5 отсто. Дури и овие 4 отсто не ја претставуваат целата слика. Ги нема доспеаните обврски кои се очекува да дотигнат една милијарда евра до крајот на годината. Новата 2025 година ќе ја дочекаме со јавен долг од 70,8 отсто. Золемениот дефицит ќе значи зголемени долгови и поголем товар за секој од нас. Имаме симптом на длабока структурна криза, проблемот не е само во тоа што се задолжуваме, туку и во начинот како го правиме тоа – без план. За само еден месец од 53,8 милијарди денари долгот се зголеми на 56,5 што е 44 милиони евра за само еден месец. Наредната година само за каматите на овој долг државата ќе треба да одвои 20,7 милијарди денари, а тоа значи помалку ресурси за школи, болници, патишта,…, истакна Битиќи.

Тој напомена дека СДСМ не е против растот на пензиите и платите, туку против начинот на кој тоа се прави.

-Нашата критика не е кон растот на пензиите, платите, напротив, секој пензионер засалужува достоинствен живот. Економската одговорност мора да е системска, а не селективна. Бараме инклузивен буџетки модел кој ќе ги вреднува сите. Бараме правичност и инклузивност за сите. Зголемувањето на пензиите е селективна мерка која не ја одразува инклузивноста неопходна за праведно управување со јавните средства. , потенцира Битиќи.

Според него, буџетот треба да создаде економија што ќе одговори на економските предизвици, што ќе креира одржливи политки и што ќе го поттикнува приватниот сектор.

-Треба да се вложува во иновации, а овој буџет покажува јасно отсуство на ваква визија. наместо економска трансформација, внесува дополнителна нерамнотежа. Ги пресликува затечените потреби, но не и оние за забрзување на економскиот раст и развој или структурните реформи. Минималната плата е сведена на математика, а не на човечко достоинство, седењето на страна е класичен пример на неодговорно лидерство на Владата. Суштинска неправда има и во однос на платите во јавниот сектор. Кога инклузивноста треба да биде основен прицноип, сведоци сме на длабока селективност, рече Битиќи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БитиќиБуџет

НАЈНОВО

Автобуси за скопјани ќе има, ама кога јас ќе сакам

На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

June 1, 2025

Двајца мртви и 192 повредени во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во ЛШ

June 1, 2025

СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наместо европски реформи – предизборни идентитетски магли

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk