ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

December 13, 2024 14:28
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судскиот совет на Република Северна Македонија ги демантира наводите за извршен претрес во нивните простории, истакнувајќи дека постапиле по писмените барања на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Советот нагласува дека не е издадена наредба за претрес и дека ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи, водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство.

– Судскиот совет на Република Северна Македонија по повод пласираните информации во јавноста за наводен „извршен претрес“ во просториите на Советот во текот и по завршувањето на работното време, ја информира јавноста дека по примени писмени барања на ОЈО Скопје, Судскиот совет на РСМ постапи по истите. Нагласуваме дека не е издадена наредба за претрес, ниту е извршен претрес во просториите на Судскиот совет на РСМ, стои во соопштението од Судски совет.

Оттаму дополнуваат дека Советот соработува и ќе продолжи да соработува со сите надлежни органи и институции во државата водејќи се од начелата на независно, одговорно и транспарентно судство и се оградува од било какви влијанија и притисоци одвнатре и однадвор, а со цел заштита на независноста и интегритетот на судството.

Како што потврди Јавното обвинителство претходно, полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје вчера влегле во Судскиот совет за да ги обезбедат записниците во врска со сомнежите за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судски совет, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември.

Министерството за внатрешни работи за МИА денеска потврди дека е во тек предистрагата. Како што информираа од Министерството за внатрешни работи за МИА, бараните два записници кои треба да се проверат се одземени.

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе оставка на 2 декември. Таа рече дека причината за оставката е недостатокот на поддршка и обидите за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ОЈОсудски совет

НАЈНОВО

СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

June 20, 2025

Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

June 20, 2025
Фото:  МИА

Конечната пресуда за убиствата на Вања и Панче на 25 јуни

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk