ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Здружението на драмски уметници на Србија ги повика членовите на 15 минути тишина секоја вечер пред театарите

December 13, 2024 09:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на драмски уметници на Србија ги повика своите членови да застанат пред своите театри секоја вечер – почнувајќи од денеска 13 декември – 15 минути пред почетокот на претставите, во костими и да им оддадат почит на жртвите од падот на бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад . Потоа да има 15 минути молк и да се прочита повикот упатен синоќа до претставниците на културните институции и РТС, јави Бета.

Здружението ги повика сите претставници на културните институции јавно и безрезервно да ги поддржат студентските барања и блокади како форма на протест, но и апелираше до Радио телевизија на Србија (РТС) „вистински, непристрасно, целосно и навремено“ да ги информира граѓаните за тие теми.

„Тоа веќе го направија бројни поединци и театарски уметнички ансамбли и апелираме до раководителите на институциите да им се придружат на своите вработени и на оние кои работат и на тој начин да застанат во одбрана на нивната заштита“, се вели во соопштението.

Се потсетува дека студентите на Факултетот за драмски уметности се уште протестираат бидејќи „не се пронајдени и кривично гонети лицата кои физички ги нападнаа на 22 ноември за време на мирната комеморација на жртвите во Нови Сад, додека лицето чиј идентитет е откриен не е разрешено од функцијата член на Советот на градската општина Нов Белград“.

„Разбирајќи ја деликатноста на сечија позиција во театарот и ансамблите, а со цел да се избегне меѓусебно таргетирање и тензии меѓу колегите, апелираме до сите да го почитуваат правото на секој да го поддржи овој повик или не, и да се заштитиме од нечиј обид да не подели или да не подбуцнат едни против други“, велат од Здружението на драмски уметници.

Наведено е и дека ќе ги повикаат своите колеги да преземат дополнителни чекори доколку барањата не бидат исполнети до сабота, 21 декември.

Tags: молкСрбијаТеатар
Next Post

Утрото со минусни температури, преку ден сончево со мала до умерена облачност

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk