ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Новогодишна кошничка – класична манипулација на власта или грижа за граѓаните?

December 16, 2024 07:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Трговците ги зголемија цените пред примена на мерката НОВОГОДИШНА кошничка, обвинува опозицијата. Според нив новогодишната кошничка е класична манипулација на власта која ги потценува граѓаните и го прикрива вистинскиот проблем за кој нема решение а тоа е покачувањето на цените на производите.

– Сега нема вистински да се намалат цените туку трговците само ќе ги вратат на нивото на коешто беа и тоа реално не значи намалување и не носи никаков бенефит за граѓаните. Станува збор за договорени цени за кои владата сама кажува дека нема да има казни доколку некој од трговците не ги почитува. Што значи оставен е простор тие сами да ги одредуваат цените врз грбот на народот, реагира од опозицијата.

Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, а трошоците за живот според последните податоци на Државниот завод за статистика бележат раст од 3,5%.

– Додека цените растат, стандардот на граѓаните опаѓа, а Владата наместо да преземе одговорност и вистински да се справи со кризата, се занимава со манипулации и ги штити трговците наместо граѓаните. СДСМ бара итни и системски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, меѓу кои и укинување на ДДВ на храна со што вистински ќе се намалат цените на долг рок и зголемување на минималната плата, велата од опозициската СДСМ.

Според опозициските проценки преку намалување на ДДВ-то ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно.

Од друга страна, Владата ја започна кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен.

– Државниот пазарен инспекторат ќе врши контрола низ маркетите за да се утврди дека се почитува договорот постигнат помеѓу Владата и трговците. Во моментот вклучени се над 80 компании, а очекуваме и други компании и маркети да се приклучат со што листата во новогодишната потрошувачка кошничка би се проширила со над 1000 производи. Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови, велат од Владата.

ВМРО ДПМНЕ не прифати ниту еден предлог на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Не се прифати ниту предлог Законот на СДСМ за покачување на минималната плата, ниту амандманот за повисоки плати со Буџетот за 2025 година, ниту предлог Законот за укинување на ДДВ за храна.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕддвновогодишни празнициСДСМ
Next Post

Пријатели на Западен Балкан: Време е за решителен напредок, Западен Балкан ќе биде геостратешки лакмус тест за ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Проф. Андонов на промотивен настан на анализа на јавното мислење за ЕУ процесите: Владата шири евроскептицизам!

January 28, 2026

Зошто искрениот пристап ги плаши неспособните

January 28, 2026

Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk