ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Прием на пет нови членови во Друштвото на писателите на Македонија

December 18, 2024 11:38
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста. Нови членови се Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски, соопшти ДПМ.

Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво е застапено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји. Концептуален уметник и активист, Митко е организатор на фестивалот „100.000 поети за промена“. Има објавено две збирки песни во „Антолог“: „Ледена вода“ (2014) и „Скриено писмо“ (2019) и две во „Макавеј“: „Линијар [бројки]„ (2021) и актуелната „Бог на ба(к)терии“ (2024).

Искра Донева (1983, Скопје), завршила магистерски струдии по политички науки и дипломатија и по македонски јазик. Авторка е на трудот „Конфликтот на интерпретациите и разбирањето на наративните текстови“ („Восток“, Битола, 2018) и пред сè поетеса, најпрепознатлива и најпреведувана поради нејзината хаику поезија: „Татко“ (2013), „Скакулче игра плочка“ (2013), „Лазарополски хаикуа“ (2013), „Калеидоскоп“ (2015) и други.

Милчо Мисоски (1972, Струга) дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист микробиолог, примариус, магистер на медицински науки. Бил добитник на наградата „Млада Струга“ на Струшките вечери на поезијата во 1992 г. и на други награди и признанија во земјава и во странство. Автор е на седум збирки поезија, од кои актуелна е „Зборови од хартија“ (Антолог, 2024).

Симона Јованоска (1985, Гостивар), дипломирала на економскиот факултет, досега има објавено три книги: романите „Ги најдов во длабокото“ (2015), „Денот на црвот“ (2021) и книгата за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“ (2022), сите во издание на Или-или. Симона е добитничка на наградата „Роман на годината“ на Фондацијата „Славко Јаневски за романот „Денот на црвот“, и на други награди за проза.

Хана Корнети (1992, Скопје) дипломирала историја и филозофија во Анкара, а магистрирала на културолошки студии во Истанбул. Помеѓу другото, во „Или-или“ ги има објавено збирката раскази „Млечни заби“ (2021) и романот за деца „Илина и шумските тролови“ (2023). Добитничка е на прва награда за театарско сценарио во 2019 г., на втора награда на конкурсот за најдобар расказ на „Нова Македонија“, а била и финалист во регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“.

Next Post

(ВИДЕО) СДСМ: Дали бегството на Артан Груби е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk