ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Бесплатен превоз за граѓаните на Куманово во првите шест месеци од 2025

December 19, 2024 15:58
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бесплатниот автобуски превоз во Куманово ќе продолжи и во првите шест месеци од 2025 година, одлучи Советот на Општината на последната седница. Кумановци ќе можат бесплатно да се возат на 26 линии на јавниот автобуски превоз, кој како и досега ќе го субвенционира локалната самоуправа.

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, новитет годинава е барањето на превозниците цената за изминат километар да се зголеми. Општината и превозниците се договориле да се зголеми  за десет денари. Куманово ќе одвојува 50, наместо досегашните, 40 денари по изминат километар на превозниците.

– Куманово за среќа е еден од ретките градови каде има градски превоз, но е единствен којшто е субвенциониран, рече градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Тој нагласи дека линиите со мали недоследности одлично функционираат, превозот го користат од 12 до 16.000 граѓани.

Куманово веќе трета година организира бесплатен превоз.

– Општина Куманово одвои уште 37,5 милиони денари за субвенционирање патници во јавниот линиски превоз од јануари до јули 2025 и 3,5 милиони за меѓуопштинскиот превоз до Општина Старо Нагоричане, образложи пред советниците, раководителката на секторот за комунални дејности, Лидија Ланг Спасовска.

Опозицијата реагираше и побара да се субвенционира половина од определената сума, останатите средства да се вложат за други потреби на кумановци.

Бесплатниот превоз го користат жителите од приградските средини, а дел од кумановци сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од неколку населби. Дел од граѓаните кои го користат пак велат дека некои ја злоупотребуваат мерката, се возат постојано, создаваат метеж и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот. Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и мерката има позитивни ефекти во однос на намалување на аерозагадувањето.

Next Post

Директорката на „Козле“ на средба со Таравари по реакциите за проблеми на Клиниката

Shortcut

Најново

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk