ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Граѓаните незадоволни од мерката „новогодишна кошничка“ – нема реално намалување на цените

December 20, 2024 14:58
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните се жалат на огромната скапотија и дека нема реално намалување на цените со „новогодишната кошничка“.

Фронтлајн посети некои од најголемите маркети во Скопје и констатираше дека моменталните цени опфатени со мерката „новогодишна кошничка“ се поголеми од тоа што беa пред 30 дена пред стапување на сила на мерката, односно пред владата да ја најави мерката.

Според граѓаните со кој разговаравме, трговците 30 дена пред да стапи мерката на сила ги покачија цените повеќе од тоа што беа на продажна цена, за со намалувањето од 10% со мерката да се вратат пак на истата цена. Но, додаваат дека не само што не се вратени на исто, туку се поголеми од тоа што беа пред мерката да стапи во сила.

„Немаме никакви придобивки од новогодишната кошничка. Со мерката на крај на месец ќе излезе дека потрошувачката за основните продукти ни се зголеми на нас потрошувачите за 10%. Значи повеќе пари ќе трошиме за овие производи од тоа што трошевме“, велат револтираните граѓани.

Од организацијата на потрошувачите на Македонија за „Фронтлајн“ велат дека ги следат реакциите на граѓаните и чекаат надлежните институции да постапат.

Од друга страна, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска по посета на маркети во Скопје оцени дека цените на производите од новогодишната кошница се намалени за 10 проценти и повеќе. Државниот пазарен инспекторат, пак, како што соопшти директорот Влатко Стојаноски, регистрирал ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три трговски субјекти. Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 проценти во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата. Листата со производи од акцијата, како што соопштија, од стартните 600 надминала 1.100 и е отворена.

Инфлацијата во месец ноември е зголемена и изнесува 4,3% а зголемувањето е најмногу како резултат на зголемувањето на трошоците на животот за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 %.

Во новогодишната потрошувачка кошничка се опфатени леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Кампањата ќе трае до 15 јануари 2025 година, а секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен.

Дестан Јонузи

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владановогодишна кошничкаПотрошувачитрговци

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk