ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата во Србија се очекува да усвои заклучок дека распустот за учениците почнува од вторник

December 20, 2024 09:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Српската Влада денеска се очекува да усвои заклучок со кој побара од Министерствоито за образование  во согласност со своите законски надлежности, да обезбеди зимскиот училишен распуст да се организира подеднакво за основните и средните училишта низ Србија, така што првото полугодие ќе заврши в понеделник, на 23 декември.
Министерството за образование вчера соопшти дека „земајќи ги предвид околностите кои влијаат на квалитетот и зачувувањето на наставниот процес, како и интересот и правото на учениците на образование“, испратило предлог до Владата на Србија зимскиот распуст за сите училишта во Србија да почне во вторник, на 24 декември.

Според заклучокот, планот е второто полугодие да започне на 20 јануари 2025 година.

Распустот на територијата на Војводина требаше да започне на 24 декември, а во остатокот од Србија на 30 декември.

Предлогот на Министерството доаѓа откако матуранти во Србија се приклучија на блокадите на образовните институции, откако студентите на факултетите и на ректорските згради почнаа да го прават тоа пред неколку недели.

Студентите бараат одговорност за смртта на 15 лица во уривањето на бетонската настрешница на реконструираната железничка станица во Нови Сад, ослободување на сите активисти уапсени за време на протестите, како и гонење на оние кои ги нападнаа студентите за време на акциите за оддавање почит на загинатите во Нови Сад.
сите четири репрезентативни синдикати на образованието за денеска најавија прекин на работата и ќе се приклучат на 15-минутната акција за 15-те жртви во новосадската трагедија.

Претседателката на српскиот образовбен синдикат Валентина Илиќ оцени дека со скратувањето на првото полугодие во основните и средните училишта, власта сакала да го осуети протестот на наставниците, но пред се да ги тргне децата од училиштата, додавајќи дека не е сигурна дека таквата одлука би ја смирила ситуацијата.

„Можеби ќе ги тргнат од училиштата, но направија уште поголем проблем, бидејќи децата ќе останат на улица. Особено што родителите почнуваат да застануваат зад своите деца и да се приклучуваат на протестите. Освен тоа, отвора можност за многу поголеми проблеми“, рече таа за денешното издание на весникот „Нова“, коментирајќи го предлогот на Министерството.

Таа изјави дека проблемите се повеќекратни, меѓу кои и тоа што ученицоите нема да добијат заклучени оценки за полугодие
„Воопшто не знам како ќе одржуваме наставнички совети. Нашата цел беше да избегнеме да им наштетиме на децата на кој било начин, да им дадеме можност да ги подобрат своите оценки и да бидат соодветно оценети. Се што сакавме да избегнеме, Владата сега направи“, рече Илиќ, пренесе Бета.

Таа рече дека може да смета на се, но дека не очекувала владата на овој начин да се обиде да ја реши кризата, додавајќи дека в понеделник ќе се состанат репрезентативни синдикати за образование за да се договорат за понатамошните чекори.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: распустСрбија
Next Post

Пентагон: Без договорот за владино финансирање, војниците нема да добиваат плати

НАЈНОВО

Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025
Нуклеарна централа  Bushehr, Иран. Фото: Иранско претседателство/ZUMA/

Техеран ги укина сите ограничувања: Истече меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран

October 18, 2025
Фото: МИА

Денеска гласаат 2.162 затвореници, 8.851 болни и немоќни и 442 возрасни лицата во старските домови

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk