ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Инаугуриран екстремниот десничар Кавелашвили за претседател на Грузија, протести на илјадници проевропски демонстранти

December 29, 2024 10:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Во Грузија денеска е инаугуриран Михаил Кавелашвили лојалист на владејачката партија за претседател и покрај тоа што неговиот избор беше прогласен за „нелегитимен“ од лидерката во заминување и опозициските групи.

Екстремно десничарскиот поранешен фудбалер положи заклетва на парламентарна церемонија неколку моменти откако претседателката во заминување Саломе Зурабишвили вети дека ќе се бори против партијата Грузиски сон што го контролира Парламентот.

Илјадници луѓе учествуваат на протестите во Грузија  пред денешната заклетва на Кавелашвили, додека претседателката во заминување Саломе Зурабишвили одбива да се повлече од функцијата, тврдејќи дека изборите биле нелегитимни.

Демонстрантите пред претседателската палата носат знамиња на ЕУ и извикуваат „Грузија!“.

Многумина се држеа за оградите на претседателската палата, која беше украсена со големо грузиско и знаме на ЕУ.

Зурабишвили и демонстрантите го обвинија Грузиски сон за местење на парламентарните избори во октомври, барајќи ново гласање. Тие велат дека ова ја прави инаугурацијата на Кавелашвили нелегитимна.

„Останувам единствениот легитимен претседател“, им рече Зурабишвили на илјадниците про-ЕУ демонстранти.

„Ќе ја напуштам претседателската палата и ќе застанам со вас носејќи го со себе легитимитетот, знамето и вашата доверба“, рече таа.

Грузија беше опфатена со протести во текот на 2024 година, при што противниците на Грузискиот сон обвинуваат дека го насочува Тбилиси кон Москва, а не кон долгогодишната цел на кавкаската земја за пристапување во ЕУ.

Илјадници грузиски демонстранти и вчера формираа „човечки синџир“ во главниот град Тбилиси.

Новиот претседател е поранешен фудбалер на Манчестер Сити, и се смета за сојузник на владејачката партија Грузиски сон, јави Би-Би-Си.

Демонстрантите, веејќи грузиски и знамиња на ЕУ, формираа „човечки синџир“ кој се протегаше на километри.

Tags: Грузијапротести
Next Post

Белгија ги забранува електронските цигари за еднократна употреба од 1 јануари

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk