ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хамас одбива да ослободи 12 од 34-те заложници на израелската листа, пренесуваат израелските медиуми

December 31, 2024 09:32
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Палестински Хамас делумно го отфрли списокот на заложници на кои Израел инсистира да бидат ослободени во првата фаза од каков било договор за прекин на огнот, објави денеска израелскиот јавен радиодифузер Кан, цитирајќи неименуван палестински извор.

Тајмс оф Израел пренесува дека Хамас наводно е подготвен да ослободи 22 од 34-те заложници на списокот, но одбива да ги ослободи останатите 12. Наместо тоа, се додава, групата понудила да ослободи 22 живи заложници и да предаде 12 тела за време на првата фаза од договорот.

Во извештајот се наведува дека Израел ја отфрлил понудата и јасно ставил до знаење дека ќе прифати само живи заложници за време на почетната фаза од договорот за ослободување заложници и прекин на огнот.

Извештајот не дава дополнителни детали за заложниците кои Хамас наводно одбива да ги ослободи, иако претходно овој месец египетската новинска агенција Ал-Гад објави дека Израел побарал размена на 11 мажи кои Хамас ги смета за војници во првата фаза од потенцијален договор.

Хамас и Израел во последните денови меѓусебно се обвинуваат за прекин на преговорите за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа по повеќе од една година војна.

Хамас го критикуваше Израел дека во индиректните преговори во Доха, што се водат “ под покровителство на посредниците – Катар, Египет, САД, на масата постојано става „нови услови.

Израел, пак, во одговорот го обвини Хамас дека „поставува нови пречки во преговорите“.

Хамас и две други палестински групи, Исламски џихад и Народниот фронт за ослободување на Палестина, минатата недела изјавија дека договорот за прекин на огнот е „поблиску од кога било“ доколку Израел не наметне нови услови.

Меѓу главните пречки во преговорите меѓу Израел и Хамас се трајниот карактер на прекинот на огнот и управувањето со Газа по војната.

Tags: заложнициХамас
Next Post

Кинескиот претседател повика на проактивна макроекономска политика во 2025 година

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk