Мнозинството Германци ја поддржуваат идејата за меѓународни мировни сили во Украина во случај на примирје, но без учество на германската армија, покажа денеска објавена анкета.
Истражувањето на Институтот YouGov за агенцијата ДПА покажа дека 56 отсто од испитаниците поддржуваат испраќање сили во Украина. Но, поддршката за учеството на германските војници во таква мисија е многу помала, а со тоа се согласуваат само 23 отсто од Германците.
Од нив 33 отсто се против учеството на германските сили, а 19 отсто се целосно против каква било меѓународна мисија во Украина. Една четвртина од испитаниците немаат мислење за темата.
Анкетата е спроведена на интернет во периодот од 20 до 23 декември и опфати 2.194 луѓе од сите делови на Германија.