ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во близина на зградата на Општина Чаир

January 20, 2025 15:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По спроведена истражна постапка и испитување на сите околности, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднел обвиненија против вкупно четири лица за инцидентот што се случи на 14.10.2024 година во близина на зградата на Општина Чаир, кога при пукање со пиштол беше повредено едно лице.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинитеслтво на РСМ, првообвинетиот се товари за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, второобвинетиот за предизвикување општа опасност од член 288 став 1 и учество во тепачка од член 132 став 1, додека двајцата останати за кривично дело учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик.

– Обезбедениот доказен материјал упатува на дејствијата на секој од обвинетите поединечно, при што првообвинетиот при тепачка неконтролирано испукал еден куршум со пиштол и нанел тешка телесна повреда – огнострелна рана во левата потколеница кај оштетениот, кој пак на обвинетиот му нанел расекотина во главата со остар предмет. Останатите тројца обвинети претходно ја започнале вербалната расправија и тепачка со оштетениот. Во текот на целиот инцидент и второобвинетиот неконтролирано замавнувал со пиштол и испукал еден куршум во непознат правец, предизвикувајќи со тоа значителна опасност по животот и телото на луѓето, се појаснува во соопштението.

Првообвинетиот во времето на извршување на кривичното дело бил осудено лице кое користело поволности во установата каде ја извршува казната, па од тие причини, се додава во соопштението, уште при поведувањето на истрагата јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор. Со поднесувањето на обвинението предложено е продолжување на притворската мерка.

Next Post

Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk