ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Граѓаните на барикадите: Протести за одбрана на европските перспективи на улиците во Грузија, Молдавија, Романија, Словачка, Србија

January 20, 2025 13:21
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Крајот на 2024 година како да се пресликува на почетокот на 2025 година, со тенденција да продолжи во текот на истата, барем што се однесува до борбата за одбрана на загрозените европски перспективи во неколку источно евроски држави.

Се чини дека најзагрозени се ЕУ аспирациите во Грузија, каде на 28 октомври 2024 година започнаа протести откако владејачкиот про-руски Грузиски сон го освои мнозинството места во парламентот. Демонстрантите тврдеа дека изборите биле фалсификувани и бараа пребројување на гласовите и нови избори.

Протестите кои ескалираа откако владата објави дека ќе го одложи процесот на пристапување во Европската унија до крајот на 2028 година, продолжуваат и во новата година.

Молдавија беше на работ на ескалација  пред и за време на претседателските избори во 2024 година и референдумот за ЕУ, на кои Молдавците го потврдија својот проевропски став, во услови на значително руско мешање. Претседателката Маја Санду обезбеди втор мандат против кандидатот поддржан од Русија,  Сепак остануваат предизвиците за наредната година за кога се закажани парламентарните избори, кои уште отсега се означеми како клучни, при што се очекува Русија да продолжи со обидите да ја одврати Молдавија од нејзиниот европски пат.

Иако изгледа неверојатно, но европските вредности беа загрозени и во некои земји членки на ЕУ, повторно под директно и/ или индиректно влијание на Кремљ.

Така, во декември минатата година, околу 3.000 луѓе се собраа на Универзитетскиот плоштад во главниот град на Романија, за поддршка на проевропскиот претседателски кандидат неколку дена пред претседателските избори, критикувајќи го руското мешање, веејќи знамиња на Европската унија и извикувајќи „Слобода“ и „Европа“. Во првиот круг најмногу гласови освои екстремно десничарскиот аутсајдер Калин Георгеску, обожавател на Путин, што предизвика стравувања за иднината на членката на ЕУ и НАТО и предизвика протести особено кај младите. Уставниот суд на Романија по наводите и доказите за можно руско мешање ги поништи претседателски избори и нареди нивно повторување, кое се очекува во мај, што речиси сиурно ќе предизвика нов бран на тензии и неизвесност.

Про-ЕУ протести од 2024 година се прелеваат во 2025 година во уште една земја членка, Словачка, каде илјадници демонстранти се собраа во главниот град Братисклава во ноември минатата година на 35-годишнината од почетокот на Кадифената револуција за да се спротивстават на политиката на популистичкиот премиер Роберт Фицо. Протестот ја обедини опозицијата која смета дека Фичо е закана за демократијата.

Протестите против Фицо стануваат посилни на почетокот на 2025 година, кога илјадници Словаци, поттикнати од неочекуваното патување на Фицо во Москва на средба со Путин, излегоа на улиците на почетокот на јануари, да протестират против проруската политика на популистот Фицо, со транспаренти „Ние не сме Русија“ и „Ние сме Европа“.

Масовни протести кои започнаа во 2024 и продолжуваат и во 205 година се одвиваат и во нашето соседство, во Србија, каде илјадници граѓани, предводени од српските студенти, протестираат низ српските градови, барајќи оставка од владејачката (блиска до Москва) гарнитура, која ја обвинуваат за корупција и оддалечување од европските вредности кои го кочат евроинтегративниот процес на земјата.

А кај нас?

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот
Next Post
Џабир Дерала

ГЛАС НА СЛОБОДАТА: Барам од руските окупациски власти веднаш да го ослободат новинарот Вилен Темерјанов

Shortcut

Најново

Пит Хегсет (фото извор: Инстаграм профил на Пит Хегсет)

Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

September 17, 2026

Каква зима го очекува Западен Балкан во ера на климатските промени?

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk