ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица предлага законски измени за ограничување на патните трошоци на пратениците

January 20, 2025 13:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката партија Левица предлага измени во Законот за пратениците со кој ќе се ограничат патните трошоци на пратениците во Собранието.

Пратеникот на Левица Амар Мециновиќ на денешната прес – конференција во законодавниот дом кажа дека како антиестаблишмент партија бараат кратење на овие функционерски привилегии почнувајќи со ограничување на сумите за патни трошоци на пратениците.

-Ние не земаме ниту ќе земеме патни трошоци и сметаме дека е неопходно мнозинството да усвои рационален закон за нивно ограничување. Имено, познато е дека патните трошоци се злоупотребуваат од страна на функционерите и ова создава неверојатна фрустрација кај граѓаните. Нашиот предлог е патните трошоци да се пресметуваат спрема пазарната цена на 6,5 литри на секои изминати 100 км, рече Мециновиќ.

Сметаат дека со овој предлог се нуди поприфатливо и пореално решение за патните трошоци, кое ќе биде прифатливо за целиот Парламент и ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет.

-Според законската регулатива, всушност пратениците сега земаат пари за амортизации, за патарини, земаат пари практично како да возат на керозин, а не на бензин. Така што едноставно со интервенција во Законот за пратеници треба да се стипулира многу експлицитно само 6,5 литри на изминати 100 км, ниту амортизации ниту цифри кои пратениците би ги измислувале. Сметаме дека тоа е доволно, затоа што ние не земаме патни трошоци не затоа што сме будали, туку затоа што сметаме дека платите на функционерите се доволно големи за да ги покријат овие трошоци, а знаеме дека мнозинството нема да го прифати ако го предложиме во минатата форма како што беше во минатиот мандат каде всушност сакавме да го изедначиме со една автобуска карта. Значи тоа е модел кој што за нас е прифатлив, но затоа што мнозинствиото најверојатно не би го прифатило тој предлог, ние нудиме рационално и прифатливо решение за ова, затоа што фрустрацијата на граѓаните е јасна и мора веднаш да се реагира, рече Мециновиќ.

Во нивниот предлог не се опфатени кириите, туку само патните трошоци, бидејќи вели, намногу злоупотреби има кај нив. Според него, во моментов многу пратеници вешто и креативно постапуваат па земаат пола година  патни трошоци, а пола година кирија, за како што вели, кога ќе дојдат пресметките за патни трошоци да не се најдат во топ 10 функционери кои го прават тоа.

-Ќе ви кажам интересна работа, нашите колеги пратеници повеќе се вреѓаат кога ги напаѓаме за патни трошоци, него ако им кажеме дека се слуги на олигархијата. Всушност нема што со нив да комуницираме, само преку јавен притисок и артикулирање на оваа тема може да се постигне некое решение, уверува Мециновиќ.

Тој посочува и дека нивните пратеници што доаѓаат надвор од Скопје, како Струга и Гевгелија, киријата сами си ја плаќаат.

Tags: ЛевицаМециновиќПатни трошоциСобрание
Next Post

Граѓаните на барикадите: Протести за одбрана на европските перспективи на улиците во Грузија, Молдавија, Романија, Словачка, Србија

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk