ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Време е ЕУ да ги исполни дадените ветувања, како што кандидатите за членство ги исполнуваат своите

January 22, 2025 10:54
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија е целосно посветена на нејзиното проширување, како најголема геополитичка инвестиција за мир и безбедност за нашите народи и нашиот континент, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во обраќањето пред европратениците на дебатата во Европскиот парламент посветена на резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ.

– Шесте земји од Западниот Балкан, Украина и Молдавија работат напорно за да ги исполнат своите обврски. Нема сомнеж дека иднината на овие земји е во нашата Унија. Време е да ги исполниме нашите ветувања, како што тие ги исполнуваат своите, порача Кошта.

Тој нагласи дека на декемврискиот Самит преовладувало чувството на единство меѓу лидерите на ЕУ, кое е особено важно, бидејќи, како што рече, земјите членки само заедно може да се справат со најголемите предизвици со кои се соочува Европа.

Кошта истакна дека од Самиот била испратена јасна порака оти Европската Унија ја потврдува својата поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно и за што и да и е потребно за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир, став кој му бил пренесен и на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Ветуваме дека ќе ја зајакнеме позицијата на Украина за секое сценарио. Мирот мора да биде мир избран од Украина и од Украинците, заради безбедноста на Украина, заради безбедноста на Европа, рече Кошта.

Претседателот на Европскиот совет потенцира и дека ЕУ мора да ги обнови своите односи со Велика Британија и да работи за посилни трансатлантски односи и длабоки врски со САД и Канада, за продолжување на партнерството кое со децении ги поддржува мирот и економскиот раст врз основа на заедничките вредности и интереси.

– Со нетрпение очекуваме да работиме тесно со новата Администрација на САД за да ја унапредиме позитивната и фер економска соработка и да работиме на нашите заеднички приоритети за просперитет и безбедност, притоа, природно, штитејќи ги нашите сопствени интереси, нагласи Кошта.

Според него, денешниот мултиполарен свет отвора нови можности за Европа, па затоа ЕУ треба да ги зајакне своите билатерални и мултилатерални односи со трети земји, засновани на заеднички интереси, просперитет и приоритети, како што се климатските активности, одржливиот развој или намалувањето на сиромаштијата и болестите.

– Европската Унија е столб на меѓународниот поредок заснован на правила и почитување на принципите на суверенитет, територијален интегритет и неповредливост на границите. Продолжуваме со поддршка на инклузивен, мултилатерален систем според принципите на Повелбата на ОН и меѓународното право, рече Кошта, додавајќи дека токму затоа ЕУ останува посветена на меѓународните ангажмани за справување со климатските промени и нееднаквоста, реформите на глобалните финансиски институции и на остварување на целите за одржлив развој, на Пактот за иднината и на Парискиот договор за климата.

Кошта потенцира дека ЕУ е проект за мир, на за да го зачува мирот, Унијата треба да преземеме поголема одговорност за сопствена одбрана, стратешката автономија и суверенитет.

– Затоа, од 2014 година, а особено по 2022 година, земјите членки ги зголемуваат своите буџети за одбрана. Денес, 23 земји членки, кои исто така се и сојузници во НАТО, се очекува да трошат над два отсто (од БДП) за инвестиции во одбраната, рече Кошта, потенцирајќи дека во тој правец се и напорите за зголемено производство на муниција во блокот и за набавка на најнеопходните и најкритичните одбранбени производи.

Тој додаде дека поради овие потреби и чувството на итност за зајакнување на одбраната на Европа, на неформалниот Самит на ЕУ на 3 февруари ги поканил и генералниот секретар на НАТО Марк Руте и британскиот премиер Кир Стармер, кои ќе им се придружат во дискусијата на европските лидери затоа што „руската агресија во Украина и отпорноста кон хибридни напади се заеднички приоритети“.

– Ова е првпат европските лидери да се соберат на состанок исклучиво посветен на одбраната.

За да го подготвиме теренот за следните одлуки што ќе треба да ги донесеме и да обезбедиме политички насоки за Белата книга за одбраната што ја подготвуваат Европската комисија и високиот претставник. Во наш интерес е да направиме повеќе на полето на одбраната. Да станеме поотпорни, поефикасни и поавтономни и посигурен безбедносен и одбранбен актер. На овој начин, Европската Унија ќе стане и посилен трансатлантски партнер, вклучително и во контекст на НАТО, додаде Кошта.

Тој се осврна и на предизвиците на ЕУ во сферата на конкурентност и и потребата за изградба на

„силна и енергична Европа која носи заеднички просперитет за сите и обезбедува праведна и инклузивна клима и дигитални транзиции“.

Најавувајќи дека економијата, енергијата и конкурентноста ќе бидат главни теми на Самитот на ЕУ во март, Кошта потенцира дека со нетрпение ги очекувам предлозите на Комисијата за компасот за конкурентност, за договорот за чиста индустрија и за намалувањето на бирократијата, како и на усвојување модерен буџет на Европската Унија согласно предизвиците со кои се соочува Европа.

– Буџет кој инвестира во нашата колективна безбедност. Буџет што ја поттикнува конкурентноста и иновативноста и промовира двојна транзиција што работи за граѓаните и бизнисите. Не изоставајќи никого. Ниту еден регион да не е заборавен. Нема проблем без решение. Единството е основниот елемент на нашата Унија. Обединети сме посилни. Посилни сме поголеми, заклучи Кошта во обраќањето.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk