ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Србија продолжуваат протестите на просветарите; Вучиќ не ги признава синдикатите што повикуваат на штрајк; Најавени нови протести на други синдикати

January 22, 2025 09:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Данас

Фото: Данас

Share on FacebookShare on Twitter

Во дел од училиштата во Србија и денеска продолжува прекинот со работа, во знак на поддршка за учениците и поради незадоволство од одлуката на репрезентативните синдикати да постигнат договор со Владата за зголемување на платите.

Од министерството за образование тврдат дека настава се одржува во 96 проценти од српските училишта, додека различни податоци доаѓаат од самите училишта, како и од одредени синдикати, покажуваат дека во повеќе од половина училишта немало настава, до поентата што во некои градови сите училишта ја прекинаа работата, пренесуваат српските медиуми. 

Претседателот на Самостојниот синдикат на просветните работници на Србија (НСПРС), Душан Кокот, кој повика на прекин на работата, вели дека состојбата во училиштата е хаотична и се менува од час во час. Има училишта кои ја прекинаа работата, но и такви кои одржуваат скратена настава од 30 минути.

Во дел од училиштата се организираа „одбори за пречек“ на просветните инспектори солеб и сол, но и со поддршка од голем број родители.

Просветните работници кои не одржуваат настава вчера добија предупредување од српскиот претседател Александар Вучиќ, кој од Давос, каде се одржува Светскиот економски форум, порача дека „ќе бидат преземени мерки“.

Вучиќ вели дека нема синдикат кој повикува на штрајк.

-Сите четири репрезентативни синдикати потпишаа договор со Владата. Се што беше побарано е исполнето – рече тој и потсети на зголемувањето на платите за просветните работници.

Тој вели дека има нерепрезентативни синдикати и тие не учествувале во разговорот, ниту се заинтересирани.

– Тоа се политички активисти. Огромното мнозинство училишта денеска работеа. Оние кои одат на целосен прекин на работа знаат дека работат на црно, рече Вучиќ.

Во меѓувреме, три синдикати на Републичкиот геодетски завод (РГЗ) најавија дека во понеделник, на 27 јануари во 12 часот, ќе одржат протест пред седиштето на институцијата на булеварот „Војводе Мишица“ бр. 39 во Белград.

Подготви: Д. Т. / Цивил Медиа

Tags: протестиСрбија
Next Post

Кошта: Време е ЕУ да ги исполни дадените ветувања, како што кандидатите за членство ги исполнуваат своите

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk