ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Новото раѓање на македонското прашање!

January 25, 2025 12:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Македонија е отворена, вика Мицко!

Колку прста, прашува бабицата која појадува бурек со урда и си ја брише устата со парче газа.

Не знам, вика Мицко, но главчето му се гледа.

Машко ли е или женско, прашува бабицата.

Среден род, би рекол, вели Мицко,

Добро, кога беше на инаугурацијата на американскиот претседател, нели чу дека Трамп рече дека има да има само машки и женски род!

Да, но македонското прашање е среден род!

Кој е таткото, прашува бабицата.

Како кој е татко, вели Мицко, јас сум таткото, вмро е таткото, ние направивме сè и политички и сексуално Македонија да остане трудна со македонското националното прашање и да го роди, еве го излегува…

Вика човекот кој на сенародната лотарија на осми мај, еден ден пред победата над фашизмот и вмровските формации во него, ја доби првата награда: да ја ебе Македонија колку сака.

Ние и нашите животи немаат смисла без македонското национално прашање, драга моја бабице, коментира лидерот, како да е во студиото на теве телма и селма.

И еве, девет месеци потоа, точно на време, Македонија е отворена шест прста и на светлото на лед лампите во родилиштето ќе се појави Тоа, Неговото вморонско височество: македонското национално прашање!

Многу е тешко, вели бабицата, ова не е бебе, ова е танкер од бебе, изгледа дека ти и останатите вморони сте претерале со сексот. Башка кај го одбравге времето сега да ја дупите Македонија и да го раѓате македонското прашање, мислам на оваа скапотија, на загадениот воздух, на малите, речиси никакви плати, за млеко нема да имате,  а за кашички “фруктал” да не зборуваме.

Важно да е живо и здраво, Дафа ќе ни даде пари од патните и дневни трошоци, ние си го сакаме, ние живееме за него, се даваме за македонското прашање, какви пелени да купиме за среден род, ниту е за розе ниту за сини.

Купете му црвени со знамето од Кутлеш, вели бабицата и оди да си го дојаде бурекот.

Го каснува последното парче и со уста полна урда прашува:

Имате ли кум?

Трамп, вика Мицко, тој ми рече дека ќе му биде чест да биде кум, а Меланија кума и да му купат на македонското прашање тостер Де Лонги, но откако ќе му удри царина од 125 отсто.

Прекрасно, честито, гледајте знамето од Кутлеш секогаш да му биде на градите, зашто така ќе изгледа ко да е мртво, демек нека се радуваат пријателите на Македонија, ај со здравје.

И уште нешто, вика бабицата, ако случајно Трамп откаже, тука е Мицотакис тој се јави и рече дека сака да го крсти прашањето Глупаво, може и Труп, но Труп сугерира дека прашањето е машки род. Всушност родот и не е род и пол туку е културолошка одредница.

Додека ја слушав оваа приказна си реков:

Какви бабици има во Нордот, Тричко, па тоа е чудо едно.

***

Mакедонецот е како Лео во сцената од „Повратникот” во која на украдениот коњ ловецот на крзна бега пред Риите.

Зима е, воздухот пука од студ.

Во филмот коњот умира при падот во длабока бездна, а Лео му ја празни утробата и влегува во смрдливата, но топла внатрешност на коњот да се стопли во студената зимска ноќ.

Да преживее.

Во нашиот случај Македонецот бега галопирајќи на вморонскиот коњ, Мицко го вика, негов коњ, иста националност, макар што зад него нема никакви Рии.

Паѓаат, закономерно, во бездна и умира Македонецот, а коњот, односно, вморонот, му ја вади утробата и им ја фрла на волците за да се спаси.

Тетс ол пипол

Енд оф маседониан стори

Хахаха!

***

Македонија е единствен феномен.

Пропаѓа во мир и без никакви видливи причини, но пропаѓа сигурно и несопирливо.

Никој нема одговор на прашањето зошто е тоа така.

Никој не се ни труди да го најде.

Сите се трудат да го зграпчат денот (Сол Белоу).

Нешто да лапнат за џабе, некого да заебат, знамето од Кутлеш да го развеат за да не можат да видат што се случува на теренот на животот.

Наназад 6.000 години нема таков случај.

Македонците осеќаат дека државата и нацијата пропаѓаат и брзаат да се качат на бродот кој тоне. Не од љубов кон татковината. Не, тие во тонењето гледаат прилика да лапнат некој батак и да се налеат со вино од резервите на татковината. Пред да умрат заедно со неа.

Македонците се опортунисти и во умирачката.

Никој не мрда со прст да го спаси бродот кој тоне оти е преоптоварен со глупост. Обратно, сите брзаат да станат глупави и прости и да се стопат во масата.

Во смртта.

Да бидат блиску до народот на неговиот погреб.

Сите се надеваат дека мртвиот ќе гласа за оној што ќе му запали подебела свеќа. И ќе му ја начука во газот. Со фитилот што гори како огнена глава на добар пенис!


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk