Маскирано лице се обидело да упадне во Правниот факултет во Нови Сад и физички нападнал студент. Неговите колеги, го бранеле од напаѓачот, јавува „N1“.
Непознат маж со маска и капа се обидел да влезе во блокираната зграда, но студентите не му дозволиле.
Како што раскажуваат студентите, тој прво седнал на клупа и ги гледал, а потоа се приближил до блокираната зграда и се обидел да ја отвори вратата. Кога еден од студентите кои го блокирале влезот му пришол да го праша што прави, велат студентите, мажот го фатил во пределот на стомакот и го оттурнал. Од тој момент двајцата разговарале, додека студентите снимале, а многу брзо се собрале и други студенти и граѓани.
Како што се гледа од снимката, две лица кои се претставиле како полицајци во цивилна облека по дваесетина минути го однеле маскираното лице во непознат правец.
Ј. Ѓ.