ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Пари за граѓаните нема, од унгарскиот кредит корист има само бизнис заедницата

January 27, 2025 13:55
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од унгарскиот заем, во јавноста познат како заемот на премиерот Христијан Мицкоски, што го доби од унгарскиот премиер Виктор Орбан, имаат корист само бизнисот, а не и граѓаните.

Новинарот Дритон Зенку за Фронтлајн вели дека заемот од Унгарија беше посветен на општинскиот проект и на бизнис секторот. Според него, од распределбата на кредитните средства, во никој случај граѓанинот не стигнал директно до бенефитот.

– Со финансирањето на општинските проекти, граѓаните ќе имаат корист од проектите како колективни добра. Дури и во бизнис секторот, во прв ред корист имaат сопствениците. Во двата случаи, заемот е наменет за развојни комунални проекти и економија. Кредитите имаат каматна стапка и логично е да се посветат на вакви иницијативи. Владината политика треба да се фокусира на поддршка на бизнисите, но приватниот сектор треба да се стимулира и да ги зголеми платите. Дали беше можно кредитните средства да се распределат за повитални проекти за граѓаните, секако дека да. Имаме социјални категории како што се децата во градинките и старите лица во домовите за стари лица, каде што има многу недостатоци. Доброто е што се пуштаат во оптек кредитните алатки и тоа ќе има влијание врз економскиот раст. Обичниот граѓанин ќе остане во улога на публиката а придобивките ќе бидат само индиректни, анализира Зенку.

Политичкиот аналитичар Благојче Атансоски вели дека со постојано задолжување за сервисирање на потребите на исплаќање на зголемени плати во администрацијата и покачување на пензиите е само продолжение на должничко-доверителското ропство кон меѓународни кредитори.

– Економски раст и развој на една држава, се постигнува со производство во реалниот сектор и постигнување на додадена вредност на секој нов производ. Со постојано задолжување за сервисирање на потребите на исплаќање на зголемени плати во администрацијата и покачување на пензиите е само продолжение на должничко-доверителското ропство кон меѓународни кредитори. Нашиот јужен сосед, на овој начин финансиски „пропадна“. Македонија се самоодржува на кредити цели 33 години, без никаков план за развој на стопанството, а тоа создава маѓепсан круг на се поголемо задолжување без реално да се почувствува зголемување на животниот стандард на граѓаните, анализира тој.

Компаниите сè уште чекаат на 250 милиони евра кои се дел од унгарскиот кредит од вкупно една милијарда. Средствата за општините се веќе легнати и тие реaлизираат проекти, а со останатиот дел државата го плати долгот од 500 милиони евра за Еврообврзницата издадена во 2018 година. До крајот на јануари ќе станат оперативни 250 милиони евра кои се дел од првата транша од унгарскиот кредит наменети за бизнисот.

Дестан Јонузи

Tags: бизнис заедницаВладаопштествоУнгарски заем
Next Post

Мицкоски - Лами: Потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти за економски и политички бенефит за граѓаните

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk