ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Приведени 35 лица на вчерашните протести во Солун и Атина

January 27, 2025 10:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Поради изолираните инциденти што се случија вчера по масовните протести во Солун и Атина за железничката несреќа кај Темпи пред две години, приведени беа вкупно 35 лица, додека од Асоцијациите на фоторепортери и на странски дописници во Грција реагираа за полициското насилство врз фоторепортер, кој беше повреден до шок бомба, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако во јавноста излегоа нови информации за несреќата од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, во сите грчки градови се одржаа протести, а најмасовни беа во Солун и Атина, каде што, како што соопштија од грчката полиција, учествуваа по околу 30.000 граѓани.

По завршување на официјалниот и во двата града имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец.

Според грчката полиција, во Солун, група од колку 30 маскирани лица се одвоиле од демонстрантите и ги нападнале полицајците со предмети и молотови коктели, при што биле приведени 23 лица, додека во Атина, околу 50 лица, исто така се одвоиле и ја искористиле толпата за прикривање, напаѓајќи ја полицијата со предмети и молотови коктели и 12 лица биле приведени, еден уапсен, а четворица полицајци биле повредени.

Во Атина, како што вчера објави МИА, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден беше фоторепортер.

Од Асоцијацијата на фоторепортери на Грција (ЕФЕ) и од Асоцијацијата на странски дописници (ФПА) со соопштенија го осудија полициското насилство врз нивниот член Мариос Лолос, кој воедно е и поранешен претседател на ФПА.

Вчерашниот протест во Атина организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, беше еден од помасовните во изминатите години.

Во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ на 28 февруари 2023 година во близина на месноста Темпи во централна Грција при директен судир на товарен и патнички воз кои се движеле на иста шина, животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот дел студенти, а според извештајот на експертот ангажиран од семејствата на жртвите Василис Кокоцакис, дел од загинатите, околу 30 лица го преживеале сударот на патничкиот со товарниот воз, но загинале од запаливите течности, по експлозијата што предизвикала недостаток на кислород.

Tags: Грцијапротести
Next Post
Генерирано со ВИ

Ние се бориме за Трамп!

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk