ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Се основале онлајн портали за да искористат државни пари од парламентарните избори, иако немале никаква врска со медиумите

January 27, 2025 15:30
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

На последните парламентарните избори во земјава се основале голем број организации за користење на државни средства кои не се поврзани со медиуми. Експертот за финансирање на избори Сем Пауер вели дека она што го утврдиле во однос на онлајн просторот е дека се формирале многу вакви организации кои немале никаква врска со медиумите, а кои искористиле пари од државата.

– Главната работа што ја утврдивме во однос на онлајн порталите е дека е голема веројатноста оти се основаа голем број организации за да ги искористат државните средства, иако немаа никаква историја поврзана со медиуми и веројатно само го користеа системот во Македонија за да земат пари од државата и потоа истите да ги злоупотребат. Кога разговаравме со заинтересираните страни, тие рекоа дека многу веројатно државните средства се злоупотребуваат од такви политички претприемачи. Што прават тие? Ќе отворат портал на интернет, ќе земат пари од државата и потоа нема никакво учество во политичкиот систем, посочи Пауер на денешниот брифинг во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ во организација на Метаморфозис Фондација и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС)

Пауер истакна дека подготвиле извештај во кој се дадени голем број на препораки кои, како што посочи, имаат за цел да ги затегнат правилата за распределувањето на јавните финансии за време на изборните кампањи.

– Првата препорака се однесува на критериумите за доделување средства да бидат во согласност со европската норма, да зависат од бројот на гласови и усвоени во Собранието. Втората препорака е методологијата како се доделуваат средствата да биде транспарентна и да формира тело кое ќе биде надлежно да го следи доделувањето на средствата. Трета препорака се однесува на тоа да им се овозможи на помалите партии поголем простор за да можат повеќе да се презентираат пред гласачите. Друг дел од нашиот проект е да се разгледаат начините на кои јавните пари може да се искористат во рамки на родовата и социјалната инклузија на поефективен начин. Се повеќе земји, вклучително и во Западен Балкан, ги користат јавните средства за да ја подобрат родова застапеност во политичките партии и медиумите, рече Пауер.

Пауер потенцира дека утврдиле говор на омраза во текот на изборните кампањи и дека неопходни се измени на Изборниот закон за да се спречи говорот на омраза.

– Имавме еден тим кој конкретно работеше на истражување посветено на говорот на омраза и социјална инклузија и тие препорачаа измени во Изборниот законик со цел да се забрани секој говор на омраза на тие портали што се финансирани со јавни средства, но и пошироко во онлајн рекламирањето и кампањите, рече Пауер.

Според наодите од спроведениот мониторинг кај онлајн медиумите, 150 од онлајн порталите или околу 60 проценти публикувале платено политичко рекламирање. Во однос на онлајн рекламирањето за време на парламентарните избори, бројките покажуваат дека се потрошени 811 илјади евра јавни пари.

Од податоците од  Мониторингот на покривањето на парламентарните избори  во 2024 година на информативните интернет портали во Северна Македонија спроведено од Фондацијата Метаморфозис се посочува дека политичките партии ги користат јавните субвенции наменети за рекламирање во кампања за да ги прераспределат на медиуми со позитивна уредувачка политика за нивните кампањи, првенствено според обемот на покриеност и тонот на известување.

– Поради тоа, информативните интернет портали (ИИП) проактивно се мотивирани попозитивно да известуваат за да воспостават поблиски релации со учесниците во изборите. Медиумите кои известуваат позитивно за кампањата и кандидатите генерално се вклучени во листата на приматели на средства од конкретните партии. ИИП со критичка уредувачка политика кон одредени партии или коалиции, беа видливо отсутни од партиските листи за ИИП кои објавуваат политичко рекламирање. Изборот на медиуми за рекламните банери во голема мера беше предодреден од политичкото расудување, отколку од логиката за политички маркетинг за да се зголеми онлајн видливоста на учесниците во изборите и да се допре до поголем број на потенцијални гласачи. Исто така, очигледно е дека помеѓу ИИП кои имале рекламен простор нарачан само од една од двете партии, најбројни се оние ИИП во кои ВМРО-ДПМНЕ
нарачале рекламни банери. Слична е состојбата и во однос на споредбата меѓу двете водечки коалиции во албанскиот политички блок – ДУИ и ВЛЕН/ВРЕДИ, каде што се очигледни истите практики да се купи рекламен простор на ИИП првенствено или исклучиво од едната или другата коалиција, се посочува во мониторингот.

Како што се потенцира во анализата на Метаморфозис, јазичната бариера е значително отсликана во прикажувањето на рекламните банери, бидејќи повеќето партии се фокусирале да допрат до гласачите на нивниот мајчин јазик, македонски или албански. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ објавиле најголем број рекламни банери во медиумите на македонски јазик и само во пет медиуми на албански јазик (ВМРО ДПМНЕ во 5, а СДСМ во 2), додека партиите од албанскиот блок, ДУИ и Влен објавиле рекламни банери во еден (1) медиум на македонски јазик.

Next Post

Почина Костадин Коце Икономов, еден од основоположниците на македонската рок сцена

Shortcut

Најново

Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk