ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ

January 28, 2025 13:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2023 година изнесувала 11.791 евра, додека годишната наемнина за изнајмување на ниви или пасишта била 173 евра за хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Меѓу 22-те земји на ЕУ за кои има достапни податоци, обработливо земјиште била најскапо на Малта и изнесувало 283.039 евра по хектар, што се припишува на ограничените површини со ниви и пасишта во земјата.

По Малта, следи Холандија, каде просечна цена за хектар обработливо земјиште изнесувала 91.154 евра, а на трета позиција е Луксембург со 42.540 евра за хектар.

Од друга страна, најниски просечни цени на обработливото земјиште се регистрирани во Хрватска во висина од 4.491 евра за хектар, пред Летонија со 4.591 евро и Словачка со 5.189 евра за хектар.

Гледано по региони, по Малта, која се третира како еден регион, обработливото земјиште било најскапо во реонот на австрискиот главен град Виена со просечна цена од 189.000 евра за хектар, по што следат холандската провинција Флеволанд со 178.093 евра и шпанските Канарски Острови со 148 247 евра за хектар.

Обработливото земјиште било најевтино во шведските региони Горен Норланд и Централен Норланд со цени од 1.951, односни 2.378 евра за хектар, по што следи францускиот Франш-Конт со 2.580 евра за хектар земјоделска површина.

Кога станува за наемнините за обработливо земјиште во 21 земја членка на ЕУ за кои има достапни податоци, тие се највисоки во Холандија и изнесуваат 914 евра за хектар, а најниски во Словачка од 67 евра за хектар.

По европски региони, наемнините за земјоделски површини се највисоки во Флеволанд и изнесуваат 1.787 евра за хектар, пред Канарските Острови со 1.164 евра и холандската провинција Северен Брабант со 1.111 евра за хектар.

Како и цените, така и наемнините за обработливото земјиште се најниски во Горен Норланд и Централен Норланд во износ од по 24 евра за хектар, пред словачките региони Централна Словачка и Источна Словачка со по 43 евра за хектар.

Tags: ЕУобработливо земјиште
Next Post
Фото: Скриншот

Премиерката на Данска и Шолц апелираат на единство против територијалните амбиции

Shortcut

Најново

Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

ЦИВИЛ – БРИФИНГ ЗА ВОЈНАТА ВО СЕНКА: Ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk