ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ристески: Помошта за новороденче во Аеродром останува 8.000 денари

January 29, 2025 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

– Коневски ја воведе, Марин ја зголеми, само Муцунски и Митески излажаа дека ќе ја зголемат помошта за новороденче од 8 на 20 илјади денари, изјави на последната седница на Советот на Општина Аеродром координаторот на советничката група на СДСМ, Милутин Ристески.

„Еднократна парична помош за новороденче во Општина Аеродром се доделува повеќе од 12 години на семејствата кои имаат новороденче, како симболична помош во моментите на нивната најголема среќа. Ја воведува Ивица Коневски во својот прв мандат во износ од 5.000 денари и ја доделува до крајот на вториот мандат во непроменет износ. Во 2017 Златко Марин ветува зголемување на еднократната парична помош на 8.000 денари, веќе следната година го оствари ова свое ветување и оваа помош во непроменет износ се доделува до денес. Во 2021 Тимчо Муцунски заедно со Дејан Митески и ВМРО-ДПМНЕ излажаа дека ќе ја зголемат од 8.000 на 20.000 денари. Оваа одлука е само потврда дека до крајот на 2025 година еднократната парична помош останува со непроменет износ од 8.000 денари. Над 18.000 гласачи, наши сограѓани од Аеродром, во 2021 година гласаа за ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото затоа што веруваа дека Муцунски и Митески ќе ја зголемат оваа помош. Над 2.500 новороденчиња се родени оттогаш во Аеродром, а нивните семејства трајно ја пропуштија шансата да добијат 20.000 денари од општината, како што им беше ветено од Митески и Муцунски“, истакна Ристески.

Од Општина Аеродром соопштија дека и годинава доделуваат еднократна парична помош за новороденчиња во висина од 8 000 денари. Барање за парична помош можат да поднесат семејствата со новороденче родено во 2025 година на подрачјето на Општина Аеродром.

Од Општина Аеродром потсетуваат дека рокот за поднесување барање за еднократна парична помош за новороденче родено во 2024 година истекува на 31 март 2025 година.

Со помошта од 8 000 денари за секое новороденче Општина Аеродром, како што велат оттаму, има цел да им ги олесни трошоците на родителите, а грижата за најмладите останува еден од нашите врвни приоритети.

Поврзано: 

Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за новороденчиња

 

Tags: Милутин РистескиОпштина Аеродром
Next Post

Клиничкатата болница „Д-р Трифун Пановски“- Битола, се оградува од постапката на докторот осомничен за поткуп

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk