Американскиот лизгач Џон Маравила објасни зошто не летал со авионот што се урна во САД.
Претходно, Маравиља на социјалните мрежи изјави дека можел да биде во урнатиот авион, но не му било дозволено да се качи во него.
– Одговорниот за пријавување ми рече дека моето куче е преголемо за да го носат, иако тоа беше нашиот лет претходно. Затоа решивме да одиме со автомобил, изјави лизгачот.
Американецот пријавил и дека на овој лет биле 14 лизгачи.
Во авионот што се урна кај Вашингтон биле и поранешни светски шампиони во уметничко лизгање
Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во близина на националниот аеродром Реган Вашингтон, јави Тасс.
Шишкова и Наумов, кои се во брак од 1995 година, ја освоија светската титула во уметничко лизгање во 1994 година.
На 30 јануари, патнички авион кој полетал од Вичита се урна во близина на Вашингтон по судир со воен хеликоптер. По судирот двете летала паднаае во реката Потомак.
Во авионот имало 60 патници и 4 членови на екипажот. Претходно спортскиот агент Ари Закарјан објави дека во авионот има неколку лизгачи и тренери за уметничко лизгање.
Американските медиуми јавија за жртви, но не и за точниот број на загинати и преживеани.