ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Официјална Москва застана во одбрана на Вучиќ: Да не се дозволи хаос во Србија

January 30, 2025 15:23
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Руското Министерство за надворешни работи денеска по повод тримесечните протести во Србија соопшти дека не смее да се дозволи во оваа земја,  која веќе се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици, да завладее хаос, „изразувајќи надеж дека Србија ќе ги реши проблемите на мирен начин“.

„Исклучително е важно демонстрантите, пред се лидерите на јавното мислење, да покажат здрав разум и да не ги следат оние што будат емоции. Во Србија не смее да се дозволи да завладее хаос во врска со ова. Земјата се уште се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици“, изјави Марија Захарова, портпаролка на Министерството.

Во одговорот објавен на сајтот на руската Амбасада во Белград, Захарова наведува дека „расколот е најопасна работа“ и додава дека „раководството на Србија прави се за да спречи драматичен развој на настаните“.

„Безбедносните органи постапуваат професионално, почитувајќи го правото на народот на мирен собир. Преземени се сериозни чекори за решавање на несогласувањата, имајќи ја предвид загриженоста на граѓаните. Гледаме дека властите ги слушаат најважните сигнали. подготвеност за директен дијалог со сите во рамките на политичкиот процес“, рече Захарова.

Таа истакна дека тоа е „единствениот правилен начин да се постигне универзален договор во интерес на заштита на суверенитетот, националното достоинство и традиционалните вредности, зачувување на внатрешната стабилност во државата и обезбедување на нејзиниот територијален интегритет во однос на Косово“.

„Убедени сме дека српскиот народ ќе успее да ја зачува братска Србија како независна, самоодржлива, угледна држава и нема да дозволи земјата да го изгуби својот лик. Го цениме нашето пријателство со Србија и сакаме таа што поскоро да ги реши своите проблеми на мирен начин“, заклучи Захарова.

Студентите од Белград тргнаа на протестен марш кон Нови Сад

Студентите од белградските факултети денеска тргнаа на протестен марш кон Нови Сад околу 10:30 часот со цел да им дадат поддршка на своите новосадски колеги кои на 1 февруари, кога се навршуваат три месеци од несреќата на железничката станица во тој град, најавија блокада на сите градски мостови.

Студентскиот собир започна на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Белград, од каде се упатија кон Универзитетот за криминалистика и полиција, каде ќе застанат 15 минути за да им оддадат почит на загинатите во уривањето на настрешницата на реконструираната Железничка станица во Нови Сад.

Граѓаните дојдоа да ги праќаат студентите и пред Факултетот за уметности, а сообраќајот на булеварот на уметностите пред факултетот беше затворен.

Медиумите јавуваат дека студентската колона, која ќе биде придружувана од полиција, ќе ја обезбедуваат земјоделци на трактори и моторџии.

Предвидено е студентите да направат неколку паузи за време на маршот, како и да преноќат во Инџија.

Студентите во блокадата ги повикаа граѓаните да им се придружат, со сопствена организација на потребните ресурси.

Белградските студенти најавија дека и утре со велосипед ќе патуваат за Нови Сад.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗахароваМосквапротестиСрбија

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk