ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Протестни собири во Скопје и Неготино во чест на Фросина која беше прегазена на „Партизанска“

January 31, 2025 11:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мирен собир е закажан за денеска во 15 часот  во Неготино, во чест на младата модна дизајнерка Фросина Кулакова која беше прегазена во Скопје во средата пред полноќ.

– Со огромна болка и револт предлагаме да се собереме  на мирен собир во чест на нашата Фросина, која беше свирепо прегазена на улица. Живееме во општество каде што возењето под дејство на алкохол е целосно нормализирано – време е да кажеме „Доста е!“, Да се собереме денес во 15 часот на плоштадот во Неготино, да ѝ оддадеме почит и да испратиме јасна порака. Безбедноста на улиците мора да биде приоритет. Одговорноста мора да биде неизбежна. Жртвите не смеат да останат само бројки. Да не се повтори!!!, велат организаторите на протестот.

Протест има закажано и денеска во Скопје, во 13 часот, како и во недела во Кавадарци.

Младата 22 – годишна модна дизајнерка Фросина Кулакова, усмртена  на „Партизанска” во Скопје, ќе биде погребана денеска во Неготино, за ова информираше нејзиниот татко Тодор Кулаков на Фејсбук.

– Животот уште не започнат, најсвирепо згаснат. Утеха ни на небо ни на земја, напиша тој.

За сите пријатели, роднини, колеги, Кулаков соопшти дека погребот ќе биде попладне, откако претходно ќе може да и се оддаде почит во капелата Бутел во Скопје од 10 до 11 часот, а во капелата во Неготино  од 13 до 14 часот.

– Почивај во мир, мила наша, мила да си при Бога, Фросинче, напиша нејзиниот татко.

Реномираниот моден дизајнер Изет Цури, кој децении активно работи на француската модна сцена е професор на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која беше усмртена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.

Фросина пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше.

Преку социјалните мрежи, со заедничка фотографија, од Фросина се прости Изет.

Против 20-годишниот возач што ја усмрти младата Фросина на „Партизанска“ претходно имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди. Осомничениот бил во притвор, а потоа Основниот кривичен суд Скопје одлучил да му изрече воспитна мерка упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка.

Како што соопштија од Обвинителството, на 30 март 2024 година, Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против осомничениот за кривично дело според член 215 од Кривичниот законик. Веднаш истиот ден, јавниот обвинител донел наредба за поведување истражна постапка и предложил мерка притвор.

Осомничениот бил достапен на органите на прогонот од 2 април 2024 година и веднаш започнал да ја издржува мерката притвор. Од Обвинителство велат дека истрагата завршила за помалку од два месеци, а на 21 мај 2024 година јавниот обвинител поднел обвинителен акт и побарал продолжување на мерката притвор, што било прифатено.

– Притворот беше продолжен до 31 јули 2024 година, кога Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која го огласи осомничениот за виновен и му изрече воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка, велат од Обвинителство.

Дополнуваат дека на 30 септември 2024 година, јавниот обвинител вложил жалба незадоволен од пресудата, барајќи построга казна. Жалбата била во однос на воспитната мерка, бидејќи за притворот не е дозволена жалба.

Според информациите на ОЈО, против осомничениот е поднесена уште една кривична пријава на 1 февруари 2023 година за сообраќајна незгода од 4 ноември 2022 година, во која едно лице се здобило со полесни повреди.

-Јавниот обвинител донесе решение да не се презема кривично гонење, а осомничениот се согласи да уплати 18.000 денари во Буџетот на РСМ. Освен ова, МВР поведе и прекршочна постапка за возење без возачка дозвола. Други кривични пријави против лицето не се поднесени, дополнуваат од обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Осомничениот, на 29 јануари, управувал возило „Пежо 207“ без возачка дозвола и под дејство на алкохол, при што удрил во пешакот Фросина Кулакова на булевар „Партизански Одреди“, која починала на лице место. Јавниот обвинител предложи мерка притвор за осомничениот.

Од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ побараа максимална казна за сторителот и итно дејствување од институциите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Во Шпанија откриен нов вирус кој го пренесуваат комарците

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk