ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа: Мицкоски нема врска со реалноста, синдикалната кошничка не ја правам ниту јас, ниту Тевдовски, ниту Поповски, туку ја прави синдикатот

February 3, 2025 12:14
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикалната кошничка не ја правам ниту јас, ниту Драган Тевдовски, ниту Никола Поповски, туку, како што самото име кажува, ја прави синдикатот. А јас лично немам апсолутно никаква врска со тоа како таа се пресметува, ниту сум бил дел од некаква група која ја правела методологијата, ниту некој некогаш побарал мислење од мене за тоа. Ова само покажува колку премиерот нема врска со реалноста“, вели за ЦИВИЛ Медиа, проф. Бранимир Јовановиќ како одговор на обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека кога беше дел од Владата, предводена од Зоран Заев беше еден од тие кои манипулирале со потрошувачката кошничка.

Јовановиќ додава дека премиерот Мицкоски треба да одговори на некои други прашања:

  • Зошто таа кошничка е поскапена за 3.000 денари откако е тој дојден на власт, а просечната плата е зголемена за само 60 денари?
  • Зошто кошничката е поскапена за 2.000 денари откако тој ги воведе есенската и новогодишата кошничка?
  • Дали премиерот намерно ги направи овие работи, за да им овозможи на фирмите да ги покачат цените и своите профити?
  • Дали на премиерот му се поважни милионските профити на фирмите од двата милиона граѓани на Македонија кои секој ден сѐ потешко врзуваат крај со крај?

Премиерот Мицкоски на последната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека легитимно право е на граѓаните да изразат револт и тој има разбирање за истото, но од СДСМ освен навреди и клевети не кажаа дека има разбирање, затоа што како што рече тоа најелитистичката партија која 7 години немаше разбирање за стандардот на граѓаните и воведуваше дополнителни даноци. Тој се осврна на минималната потрошувачка кошничка при што истакна дека македонската јавност треба да знае дека врз грбот на народот се прави политика од најнизок вид, како се манипулира при пресметката, а ја пресметуваат поранешни функционери од СДСМ.

„За минималната синдикална кошничка дали сте ја виделе методологијата? Ќе ви дадам одговор ако не сте ја виделе. Јас во мојот живот лубеница и цреши во јануари не сум јадел, не знам за вас во СДСМ можеби ви е вообичаена пракса. Тоа е дел од методологијата за пресметка на минималната потрошувачка кошничка која е со цени од неколку маркети кои во јавноста се познати како ексклузивни без да биде пресметана просечната цена. А ја пресметуваат Никола Попоски поранешен потпретседател на СДС, Драган Тевдовски поранешен министер за финансии од СДСМ и Бранимир Јовановиќ кој беше дел од Ленка, Левица па отиде советник кај Тевдовски, овие тројца ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка. Отидов во неколку маркети и ги извадив неколку производи од потрошувачката кошничка и констатирав дека само за храна и пијалаци 3.000 денари е помала сумата од тие што се декларирани во минималната синдикална кошничка односно 15% помалку. Ова ќе го презентирам на економско социјалниот совет и тоа со слики, да се видат вистински цени, потенцираше премиерот Мицкоски.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post
Фото: Фронтлајн

(ФОТО) КОЈ Е СЛЕДЕН? СЕКОЈ ЕДЕН! ПРАВДА И ОДГОВОРНОСТ за одземениот живот на младата Фросина

Shortcut

Најново

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

ВЛЕН до Беџети: Молчеше 1058 дена како министер, а денес ги манипулира албанските студенти

May 29, 2026
Фото: Скриншот, видео НАСА

(ВИДЕО) Експлозија на ракетата „New Glenn“ на Blue Origin за време на тестирање на Флорида

May 29, 2026
Дарко Костадиновски. Фото: Уставен суд

Костадиновски: Кога политиката сака послушен суд има проблем со Уставот, а не со судиите

May 29, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Започна со работа првиот модерен трговски центар „Mega Shopping Park“ во Гевгелија

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk