ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Убиецот на Фросина побегнал од местото откако ја прегазил, МВР не одговара дали Јованов сам се пријавил

February 5, 2025 11:09
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во вечерашното гостување на Телевизија Сител, таткото на трагично загинатата Фросина Кулакова, Тодор Кулаков на прашање дали 20-годишниот Васил Јованов бил на местото на несреќата, тој рече – не.

„Ние живееме во Дебар маало, тоа е на 200 метри, девојчето како и секоја вечер што си излага си излезе сама со кутрето. Слушнавме само брза помош, пискотници и сопругата и ѕвони не одговара на телефон, јас и ѕвонам не одговара на телефон, пиштат полициски коли, гледаме низ прозор 20 полициски возила, специјалци, чуда. Не треба ако дете не ти одговара на телефон да знаеш дека нешто се случило и шпринт тоа е, вели Тодоров.

На прашање дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, таткото рече „не“.

„Дали е иронија на судбина или не знам што е веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже он колата откако ја согазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на „Партизанска“, четири трепкачи „Партизанска“ е празна. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам, не беше, вели таткото на Фросина.

Тој додава дека таткото на убиецот Васил цело време бил на местото на несреќата, но во ниту еден момент не му приде да му изрази сочувство или да изрази каење.

Таткото на убиената Фросина вели дека чекале 3 часа да дојде обвинител да направи увид на местото на несреќата.

ЦИВИЛ Медиа пред три дена испрати прашање до Министерството за внатрешни работи (МВР) – Дали е вистина или се работи за дезинформација дека убиецот на Фросина, Васил Јованов од Скопје побегнал од местото на настанот и наводно сам се пријавил во полиција по неколку часа?

До објавување на текстот одговор од МВР не добивме.

Новинарот Љубомир Костовски на својот Фејсбук профил на 2 февруари постави неколку прашања во врска со случајот на Фросина.

Нејасно. Во врска со прегазувањето на девојката Фросина некои работи не ми се јасни. Мислам дека се повеќе од битни.

  1. Дали возачот побегнал од местото на настанот? Во време кога студирав тоа беше битен момент и отежнувачка околност?
  2. Дали побегнал сосе возилото (веројатно)? Одговорите на овие прашања ги нема освен во првиот момент, што може да укаже на селектирање на моментите кои го обвинуваат Васил Јованов. За тоа треба синхронизација на повисоко ниво.
  3. Беше речено дека сам се пријавил после еден час од настанот во пол.станица Карпош. За еден час тој може да измокри многу од она што би било отежнувачка околност (количината на алхохол во крвтта а и други околности, како опојни дроги што ги мало порано во автомобилот да исчезнат) Ако побегнал со автомобилот можело да ги има и овој пат?!
  4. Дознавме од таткото на жртвата денес дека увидниот орган доцнел на лице место три часа?! Во меѓувреме можеме само да замислиме како ситуацијата можела да се „измува“, да проработат врските. Како и дека таткото на убиецот се наоѓал на местото на настанот во тоа меѓувреме. И тој вршел „увид“ значи.

Ова се секако битни работи и не се детали. Дали не требаше да ги знаеме во стартот како јавност?, пишува Костовски.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Tags: МВРполицијаФросина
Next Post

Минатата година 1.700 Македонци добиле бугарски пасош

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk