ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски не го загрижува заминувањето на странските компании од Македонија, бил загрижен дали ќе има доволно работна сила за предвидените инвестиции

February 6, 2025 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот со заминување на странските компании ќе биде надминат. Напротив, тој рече дека е загрижен дали ќе има доволно работна сила за сите предвидени инвестиции во државава.

Одговарајќи на новинарско прашање дека дел од странските компании ја напуштат земјава, а дел ги намалуваат капацитетите, Мицкоски рече дека процесот ќе биде надминат бидејќи во меѓувреме, како што посочи, преговараат со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат.

-Има и неколку нови компании кои што најавуваат отпочнување на инвестиција или отворање на нови производни погони, така што тоа е процес кој што е тековен. Ова компанија за која што вие кажавте не информираше пред неколку недели, оваа година тие ќе си работат тековно, нормално ќе си работат. Преговараме со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат и многу брзо денеска ќе се надмине овој процес. Така што, јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции кои што се во процес на инвестирање, рече премиерот.

Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Северна Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Аптив“ заминува од земјава, а Џонсон Мети најавува намалување на бројот на вработени.

Ирско-американската компанија „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик и се сели во Полска и Португалија, земји члнки на ЕУ. Истовремено, британскиот гигант „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, најави намалување на бројот на вработени, објави синоќа Телма.

Од „Аптив“, каде што работно се ангажирани околу 500 лица, за „Телма“ велат дека „поради оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на глобалниот пазар, производство од Бунарџик го селат во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија се затвора“.

Оваа глобална компанија е присутна во 50 земји со над 200 илјади вработени, според информациите од нивната корпоративна интернет страница.

Во 2016 година, „Аптив сервисес Македонија“ ја отвори својата прва локација во Македонија во Бунарџик. „Аптив“ во Македонија има околу 500 вработени кои произведуваат за автомобилската индустрија во светски рамки.

Во дописот од компанијата за „Телма“ се вели и дека „имаат план за поддршка на вработените во текот на целата транзиција, која ќе биде во согласност со локалните закони и прописи“, односно дека вработените ќе добијат соодветно обештетување.

Од „Џонсон Мети“, пак, која е убедливо најголемиот извозник од Македонија изјавија дека ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања.

„Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на автомобилскиот пазар, правиме прилагодувања на сменските модели во некои наши локации за да ја балансираме понудата со побарувачката во блиска иднина. Ова, за жал, ќе резултира со ограничен број на работни места кои би биле предмет на намалување“, се вели во дописот од „Џонсон Мети“ до „Телма“.

Најзначајна британска компанија која работи во земјава е „Џонсон Мети“, која доминира во македонскиот извоз со години. Според податоците објавени минатата година, компанијата во Македонија во 2023 година имала приход од 2,38 милијарди евра, помал за 4 отсто во споредба со 2022 година, кога изнесувал 2,47 милијарди евра. Британската компанија произведува катализатори, а ја отвори својата прва фабрика во зоната Бунарџик во 2010 година.

Tags: инвестицииМицкоски
Next Post

Не паѓајте на анти-УСАИД пропагандата, тоа доаѓа од Путин

НАЈНОВО

Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

November 6, 2025

Мицкоски: Ние сме многу пред Албанија според тоа кој е спремен за ЕУ

November 6, 2025
kristen stewart

(ВИДЕО) Кристен Стјуарт: Холивуд е во вонредна состојба поради родовата нееднаквост

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk