ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд утврди сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата и правото на политичкото дејствување на пратеникот Сали Мурати

February 6, 2025 15:11
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд утврди дека на пратеникот Сали Мурати му е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата и правото на политичкото дејствување на начин што од страна на претседателот на Собранието не се проследени пратеничките прашања до Министерството за култура и туризам и министерот за внатрешни работи поднесени во писмена форма од страна на подносителот на барањето на 5 август 2024 година.

Како што информира Уставниот суд, во овој случај е применет т.н „тест на нужност во демократско општество” кој го применува Европскиот суд за човекови права со цел да оцени дали ограничувањето било оправдано, или постои повреда на слободите и правата.

Првото прашање од овој тест е дали постои вмешување во слободата на јавно изразување на мислата и слободата на политичко дејствување на подносителот на барањето.

-Непроследувањето на поставените пратенички прашања на подносителот на барањето од 5 август 2024 година од страна на претседателот на Собранието до Министерството за култура и туризам и министерот за внатрешни работи како дел од предвидената постапка во вакви случаи, претставува вмешување. Анализата утврди дека не постои уставен институт „сто дена од изборот на Владата“ во чии рамки истата би била ослободена од политичка контрола во форма на пратеничко прашање. Напротив, од ваквото уставно, законско и деловничко уредување од првиот ден на својот избор, произлегува дека Владата функционира во полн капацитет и е одговорна пред Собранието и не постои пречка за поставување пратенички прашања во овој период, стои во соопштението од Уставен суд.

Второто прашање е дали вмешувањето е предвидено со закон.

-Oткако Судот утврди дека Деловникот на Собранието го исполнува стандардот „предвидено со закон“, дојдено е до заклучокот дека Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија не содржи правен основ согласно кој, претседателот на Собранието може да не ги проследи пратеничките прашања поради неизминати сто дена од изборот на новата Влада. Од ова произлегува дека вмешувањето не било засновано на закон. Основот „воспоставена собраниска пракса“ на кој се повикува претседателот на Собранието, не е, ниту може да биде основ за вмешувањето со оглед дека не го исполнува стандардот „закон“ кој подразбира постоење општозадолжителен правен акт со правни норми донесен од демократска институција на претставници на граѓаните во претходно утврдена постапка, информираат од Уставен.

Иако, се вели во соопштението, е очигледно дека вмешувањето не го исполнува вториот услов, сепак Судот во овој предмет даде одговор и на другите две прашања заради утврдување на тежината на повредата: дали со вмешувањето се остварува одредена легитимна цел и дали е нужно во демократско општество.

Согласно член 10 став 2 од Европската конвенција, тие легитимни цели се: државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

-Во дописот на претседателот на Собранието со кој подносителот се известува дека неговите пратенички прашања не се доставени, не е наведена ниту една од овие причини, ниту пак таква објективно постои ако се има предвид содржината на поставените пратенички прашања. И на крајот, одговорот на прашањето дали ваквото вмешувањето е нужно во демократско општество, повеќе од очигледно е дека во случајот тоа не е така, стои во соопштението.

Судот го имаше предвид фактот дека поставувањето пратеничко прашање е уставно право на секој пратеник како претставник на граѓаните во Собранието предвидено со член 72 став 3 од Уставот.

-Според тоа, непостапувањето согласно постоечка правна обврска, според наше мислење, може да се квалификува како дејствие – несторување со кое може да биде сторена повреда на слободите и правата. Поставувањето пратенички прашања, пред се е инструмент на политичка контрола од страна на пратениците. Преку нив се изразува одреден став, мислење и се бара одговор за прашања за кои претставниците на граѓаните сметаат дека се важни за електоратот и на чие поставување претходел одреден мисловен процес кој се манифестира токму преку поставувањето прашање. Самиот чин на поставување е секако акт на политичко дејствување преземен од поединец кој врши политичка функција во рамките на политичка институција и чие поставување зависи од неговата волја и одлука да се постави такво прашање, се вели во соопштението од Уставен суд.

Next Post

Маск лаже дека УСАИД финансирала посети на познати западни личности во Украина

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk