ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска разоткрива блокади и партизација: Без објаснување се одложуваат проекти за модернизација на Армијата

February 7, 2025 19:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За жал состојбите во МО и Армијата покажуваат дека процесите на модернизација заостануваат и освен тоа што буџетот е  зголемен на хартија, многу од проектите за модернизација се одложуваат без објаснување. Ова се однесува и на набавките, и на законските предлози, изјави за ЦивилМедиа Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ и поранешна министерка за одбрана. Таа за ЦивилМедиа го коментира соопштението на Министерство за одбрана во кое се тврди дека нема застој во процесот на модернизација на Армијата.

Петровска потсетува на неколку критични процеси што се започнати за време на нејзиниот мандат како прв човек на одбраната, но кои сега се стопирани.

„На пример, предлог Законот за критична инфраструктура е клучен закон кој го подготви експертска работна група со поддршка на експерт на ЕУ и пред изборите беше во владина процедура. Но, после 8 месеци сеуште не е донесен. Или пак пакетот на закони за реформата на системот за управување со кризи, проект кој беше завршен и треба да се имплементира преку законски измени“, изјави Петровска за ЦивилМедиа.

Поранешната министерка за одбрана изрази загриженост и поради намерното проблематизирање на постапката за ремонт на хеликоптерите.

„Ме загрижува и фактот што ремонтот на хеликоптерите кои беа испратени во Чешката компанија Лом Прага намерно бил проблематизиран, заради што леталата не беа донесени во државата во јули и за жал не можеа да учествуваат во гаснењето на пожарите“, критикува Петровска.

Нашата соговорничка открива и дека, наводно, се подготвува и намалувањето на правата од работен однос што, според неа, би било скандалозно.

„Особено сум загрижена заради некои информации кои до мене стигнаа од членови на синдикатот кои велат дека се подготвувало намалување на правата од работен однос што за мене би било скандалозно“, предупреди Петровска.

Тоа за неа не е изненадување, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната.

„Ако се земе предвид дека ВМРО-ДПМНЕ како опозиција го бојкотираше донесувањето на Законот за вработени во одбраната и лично мене ме критикуваа за потпишаниот Колективен договор, сосема очекувано е дека ваквите информации се вистина“, потсетува Петровска.

Наместо подобрување на статусот на вработените во одбраната, открива Петровска, се потпишуваат решенија според кои луѓето се делата на партиски подобни и неподобни.

„Со задоцнување од 7 месеци е донесена новата Систематизација на работни места и потпишани се нови решенија за распоредување со кои е направена поделба на партиски подобни и неподобни“, критикува Петровска.

Што се однесува до правичната застапеност, поранешната министерка за одбрана тврди дека мултиетничноста во ресорот одбрана се руши.

„За жал, кохезијата, единството и мултиетничноста што изминатите 7 години се градеше сега веќе се руши. Стравувам дека на подолг рок ова ќе се одрази и на квалитетот на работата и мотивираноста на вработените“, изјави Петровска во својата изјава за ЦивилМедиа.

Прочитајте и…

Армијата – платформа за обединување или поделби на етничките заедници: Тешки обвинувања за систематско исклучување на Албанците

 

Tags: армијамодернизацијаПетровска
Next Post

Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа, изјави Фон дер Лајен

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk