ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почина Живко Павлов, познат македонски хуморист и сатиричар

February 9, 2025 18:34
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Скопје, во 85-тата година од животот почина познатиот македонски хуморист и сатиричар Живко Павлов.

Тој е автор на првата книга афоризми и епиграми по Втората светска војна во Македонија – „Пладневни кукурикања“, објавена во 1969 година. Не случајно го нарекуваа “македонски Јиржи Лец”, зашто афоризмите и епиграмите презентирани во неа се чини  како  да се пишувани денес, па реално е согледувањето на критичарите дека станува збор  за литература на која  времето и минливоста не и можат ништо.

Живко Павлов цел живот професионално се занимаваше со хумор и само  со хумор. Најмногу во „Остен“, како  и во други  весници и списанија, и е автор на илјадници афоризми, епиграми, хуморески и сатирични текстови. Павлов е објавуван во најголемите хумористични списанија на Балканот, како  и во Русија.

Велешанец по потекло, за кого  случајот барал да се роди  во Куманово на  9-ти  мај  1940 година, подоцна – датум прифатен како Ден на победата над фашизмот. „Затоа цел живот трпам порази“ имаше обичај во шега да каже Живко.

Живко Павлов за себе своевремено кажа: „Дури кога ја наполнив 60-тата година, успеав да  ја завршам Академијата за хумор и сатира, во класата на професорот Живко Павлов“.

Ги има објавено книгите: „Пладневни кукурикања“ (прва книга афоризми и епиграми во повоената македонска литература); „Македонска поетска пародијада“ (прва книга пародии кај нас), па „Дамира во царството на сетилата“ (заедничка книга со Љупчо  Силјановски), „Хумпрофор“ (заеднички проект со Владо  Десовски), како  и книгата на хумористични епиграми „Смеаториум“. Павлов е автор и на хумористичната книга – Часови за деца родени со диплома „Лелектира“.

Погребот ќе биде утре, понделеник, 10.02.2025 г. на гробиштата Бутел во Скопје, а опелото ќе се одржи во капелата со почеток во 12.30 часот.

Next Post

Излезни анкети на косовските медиуми за парламентарните избори во Косово: Курти далеку под предизборните прогнози

Shortcut

Најново

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk