ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Јубилејно издание на Абецедарот – Буквар за македонските деца во Грција

February 10, 2025 09:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат јубилејно издание на Абецедарот – Буквар за македонските деца во Грција, објавен во 1925  години во Атина.

– Ова дело е драгоцен документ за македонската лингвистичка наука, а уште повеќе за македонската историографија. Абцедарот е печатен на хрватска латиница на леринско-битолско наречје. Всушност тој е првиот документ пишуван по Речникот на Џанели од шеснесетиот век и Даниловиот четиријазичник од деветнаесеттиот век, пишуван на македонски  народен јазик, соопшти „Матица македонска“ од Скопје.

Грчкиот публицист и специјалист за балканските прашања Никос Зарифис излегувањето од печат на Букварот го оценува како вонреден настан во животот на малцинствата во Грција. Во весникот „Елфтерон Вима“ од 19 октомври 1925 година, пишува: „Имаме веќе готов буквар  за словеногласните, за што грижливо се погрижија и добросовесно работеа специјалистите Г. Г. Папазахариу Сајакис и Лазару. Тоа е дело кое наспроти тешкотиите за неговото составување, претставува прирачник за употреба…“

Абецедарот  бил испратен во некои околии од Западна Егејска Македонија (Костурска, Леринска и Воденска) и соодветните училишта преземале мерки за учење на македонските деца до четврто одделение на македонски јазик. Меѓутоа, грчките влади  никогаш искрено не пристапуваа кон решавање на прашањето на Македонците и нивните национални права  во Грција.

-Абецедарот е едно силно сведоштво, не само за постоењето  на многубројното  македонско национално малцинство во Грција, туку и за фактот, дека Грција била принудена од Друштвото на народите да преземе одредени задолженија за задоволување на правата на македонското  малцинство, се наведува во соопштението.

Next Post
Фото: МИА

Во штипскиот Основен суд почнува судењето за убиството на Емилија Пешева

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk