ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ВО ЕДНО

Мицковата кошничка

February 11, 2025 09:40
in ZOOM IN, ВО ЕДНО, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
плата, кошничка, работнички живот
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

„Во Едно“ со Јане Ѓорѓиоски

1Многу тешка дилема се распосла деновиве за тоа – кој повеќе е загрижен за работниците – сaмите работници и нивните синдикални организации, или премиерот Мицкоски. Најверојатно од жал дека се манипулира со работниците и нивното право на достоинствен живот, премиерот излезе со „своја понуда за синдикалната кошничка“. Па дилемата во јавноста е: Мицковата или Синдикалната кошничка. Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти. Синдикалците од најрепрезентативната организација сметаат дека се оправдани нивните барања за зголемување на минималната плата и на сите останати плати и оти се потребни и други мерки од страна на Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните. Премиерот на Нашата земја, Христијан Мицкоски, пак, вели синдикалната кошничка е чудна, претерана и дека тоа не се „вистински цени“ од производи од потрошувачката кошница. Според Мицкоски се манипулирало при пресметката од страна на поранешни функционери од СДСМ. Тој ги обвини поранешниот министер Тевдовски и Бранимир Јовановиќ како креатори на синдикалната кошничка дека ствараат забуна. Јовановиќ тоа експресно го демантираше. Мицкоски буквално рече дека се брка луксуз со синдикалната кошничка. Вели дека тој сега не пробал грозје, диња, праска, цреши… не пиел нескафе, не пушел цигари. Или во превод – нема што тука некои работници со минимална плата да се луксузираат и уживаат во рабои што ни еден премиер не може да си ги дозволи.

2 Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Северна Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Аптив“ заминува од земјава, а Џонсон Мети најавува намалување на бројот на вработени. Колку работници ќе останат на улица сè уште никој не се осмелува да претпостави. Нашиот премиер Мицкоски не го загрижува заминувањето на странските компании од Македонија, туку тој бил загрижен, внимавајте, дали ќе има доволно работна сила за предвидените инвестиции – „Јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции кои што се во процес на инвестирање“, рече Премиерот.

ВО ЕДНО Ако Мицкоски не го загрижува тоа што со затворањето на фабриките илјадници семејства ќе останат без приход и на улица, ако на Премиерот на Нашата земја му е чудно работниците да јадат и да живеат како нормални луѓе, тогаш што го загрижува Мицкоски и што не му е чудно? Еве нам ни е многу чудно како со професорска плата Мицкоски станал косопственик на хидроцентрала. Многу ни е чудно, на пример, и како со таква плата поседува рачни часовници во вредност од над 60 илјади евра. На ДКСК ете тоа не им е чудно. Од друга страна, ако се земат овие работи во предвид и стајлингот (брендирана облека) на Мицкоски како репер, ич не траба да ни е чудно што на Мицкоски му се чудни нормални работи како барањата на работниците за повисоки плати за да може да си ги прехранат семејствата. Не знам што има пак сега да се чудиме што Мицкоски се чуди како може да јадат работниците овошје и зеленчук во зима и да пијат ни помалку ни повеќе туку нескафе и тоа цели лименки од 250мл. молам ви се лепо. Или, дека требало да биде загрижен Премиерот наш што ќе се затвораат фабрики и отпуштаат работници?!!

Ма, баш сме чудни што се чудиме!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Јане ЃорѓиоскикошничкаМицкоски
Next Post

Учителка избодела до смрт осумгодишно девојче во Јужна Кореја

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk