ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова очекува оставки од членовите на Судскиот совет: Не се избрани за да бидат судски скандал мајстор

February 11, 2025 14:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува членовите на Судскиот совет да поднесат оставки. Ова е апел до моралот, рече денеска, зашто тие се избрани не за да бидат судски скандал мајстор, туку за да оневозможуваат какво било скандализирање на независната судска власт.

Според Сиљановска-Давкова, треба да има законски механизми што ќе овозможат регрутирање на најдобрите во ваквите тела, а не акцентот да се става на политизираноста и партизираноста.

Претседателката не верува во податоците со кои излегоа судиите, дека довербата на граѓаните во судството е 20 отсто, а, одговорајќи на новинарско прашање, укажа и на „македонскиот парадокс“, дека интерпелацијата во државава нема завршница.

-Јас одамна, можеби меѓу првите, заедно со коалицијата за правично судење, укажав на можноста од интерпелација. Точно е дека механизмот интерпелација во компаративното уставно право се однесува на одговорноста на министрите, но нашиот Устав го познава и за сите избрани и именувани функционери. Првиот чекор беше изгласувањето, неприфаќањето на Извештајот од Судскиот совет што е веќе еден чекор на делегитимирање на Судскиот совет. Вториот чекор е интерпелацијата. Ако по почетокот судиме за завршетокот, јасен е резултатот, бидејќи, ми се чини, 67 пратеници застанаа зад иницијативата, а мнозинството е 61. Значи, однапред се знае резултатот, истакна Сиљановска-Давкова по настанот „Глобален женски појадок 2025“.

Таа напомена дека многу од сегашните членови на Судскиот совет не ги исполнуваат законските услови.

-Ако го препрочитате Законот за Судски совет ќе видите дека многу од сегашните членови на Судскиот совет не ги исполнуваат дури ни оние услови што се запишани таму, а што треба да бидат гаранција за истакнатост од типот на 15-годишно искуство во правната сфера, докажаност, професори, стручност, компетентност,… Многу повеќе некако кај многу од нив личи придавката партизирани, политизирани. Ако се вратиме назад, на генезата на проблемот со Судскиот совет, веднаш ќе заклучиме дека во судството, особено во Судскиот совет што како микроскоп ја следи работата на судиите, ги именува и разрешува, мора да има и голема доза на одговорност, а одговорноста е врзана за етиката. Мојот предлог тогаш беше дека одговорни членови на Судски совет веднаш би поднеле оставка по скандалите што се случуваа, а тие таму се избрани не за да бидат судски скандал мајстор, туку за да оневзоможуват какво било скандализирање на независната судска власт. Еве, уште очекувам да бидат доблесни и да го сторат тоа. Ако на ова го додадете и процентот на граѓани кои не веруваат во Судскиот совет, јасно ќе биде дека ова е апел до моралот, етиката на судиите, истакна претседателката.

Сиљановска-Давкова го посочи и законското решение според кое, претседателот на Судскиот совет може да биде само од редот на избраните од Собранието.

-Гледате ли тука логика? Не само што нема правна, туку нема ни елементарна логика. Значи, акцентот е на политизираноста и на партизираноста штом само овие може да бидат. Македонскиот парадокс е и што интерпелацијата нема завршница. Слично е и со интерпелацијата во однос на министрите и сите се чудат на тоа, зашто интерпелациите треба да имаат завршница. Кога се во прашање министрите, што значи тоа? Значи дека премиерот како прв во тимот, може кого и како сака да смени. Кај нас нема такво нешто зашто сме си оставиле елементи од собранискиот систем, рече Сиљановска-Давкова.

Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ на 7 февруари годинава поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието. Интерпелацијата е за Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми. Претседателот на Собранието, Африм Гаши вчера ги известил дека против нив е поведена интерпелација во Законодавниот дом. 

Tags: Гордана Сиљановска Давковасудски совет
Next Post

АД ЕСМ и КфВ банка потпишаа договори за реализација на ФЕ Битола 2 и втората фаза од ветерниот парк Богданци

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk