ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Благотворноста на индиските ореви

February 13, 2025 16:01
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Индискиот орев носи бројни здравствени придобивки, па, како што велат и многу лекари, редовното јадење на ова јаткасто овошје може да придонесе за посилно срце, контрола на тежината, како и поздрави коски.

Овие слатки, маслени јаткасти плодови може да се додаваат на сите видови јадења – од салати до порции житарки и разни видови десерти. Покрај тоа, од нив лесно се прави и путер. Значи, тие се одличен избор ако се обидувате да вклучите повеќе растителна храна во исхраната. Следат неколку од најзначајните придобивки од секојдневното внесување индиски ореви.

Благотворни за здравјето на срцето

Јадењето јаткасти плодови, воопшто, често се поврзува со помала опасност од срцеви заболувања, веројатно делумно и поради нивниот поволен индекс на маснотии. Индиските ореви не се исклучок. Истражувањата покажуват дека кога луѓе со дијабетес тип 2 внесуваат 10 отсто од дневните калории со индиски ореви, нивото на холестерол им се подобрило во споредба со луѓето кои не јаделе од овие плодови.

Индискиот орев е одличен извор на моно-незаситени и поли-незаситени масти коишто се поволни за срцето. Овие здрави масти може да го подобрат холестеролот ако се јадат наместо храна богата со заситени масти, како говедското месо и путерот.

Контрола на тежината

Ако се избегнуваат индиските ореви затоа што, наводно – се калорични, истражувањата говорат спротивно. Кога јадеме индиски ореви, можеби нема да ги задржиме сите нивни калории. Тоа е затоа што се верува дека нивните влакна задржуваат дел од мастите, исфрлајќи ги од човековото тело. Тоа значи: 30 грама суви печени индиски ореви технички содржат 163 калории, но во телото се апсорбираат приближно 84 насто од тоа т.е. околу 137 калории.

Спојот од протеини и здрави масти во индиските ореви може да го забави варењето. Тоа пак, го одржува човекот сит подолго, па тој и јаде помалку. Дополнително, овие јаткасти плодови имаат малку шеќер, што ги прави подобар избор од, на пр. чипс или бонбони.

Го одржуваат нивото шеќер во крвта

Мноштво научни истражувања ги поддржуваат и истакнуваат придобивките од јаткастите плодови за спречување и лекување на дијабетес. Во случајот со индиски ореви – тие содржат ниско ниво јаглени хидрати, но се богати со други хранливи материи полезни за шеќерот во крвта. Тоа се: Протеини, влакна, здрави масти и антиоксиданси.

Истражувањата покажуваат и дека редовното јадење индиски ореви наместо храна богата со рафинирани јаглехидрати може да биде добар начин за управување со шеќерот во крвта.

Ги зајакнуваат коските

Одржувањето силни коски не е само во калциумот. И други хранливи материи како витамин К, магнезиум и фосфор, исто така, се добри и полезни за скелетот. Во индиските ореви ги има сите три состојки.

Антиоксиданси за спречување болести

Индиските ореви содржат природна мешавина од антиоксиданси, пред сѐ – полифеноли и флавоноиди. Овие моќни соединенија помагаат во борбата против воспалението и штитат од оксидативен стрес којшто може да доведе до хронични болести, како срцеви заболувања и рак. Индискиот орев содржи и цинк – минерал што го одржува имунолошкиот систем.

Tags: индиски ореви
Next Post

(ВИДЕО) Медиум посилен од времето: Светски ден на радиото

Shortcut

Најново

Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk