ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Калас: Дебатите за мировни сили во Украина претставуваат ризик за запаѓање во „руската замка“

February 19, 2025 10:12
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Дебатите ширум Европа за можно испраќање мировни сили во Украина преставуваат ризик да се западне во „руската замка“, бидејќи дискусиите за мировна мисија се преуранети во услови кога „Русите не сакаат мир и нема мир“, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

– Ако зборуваме за мировници, тогаш запаѓаме во руската замка, затоа што тие не сакаат мир, и нема мир. Ако ги прочитате коментарите на Русите, тие беа прилично среќни. Тие веќе добија се. Прво, треба да извршиме притисок врз (рускиот претседател Владимир) Путин за да се движи кон постигнување мир, изјави Калас во интервју за бриселскиот портал „Еурактив“ во врска со дебатите што се интензивираа во ЕУ по лидерската средба во Париз во понеделникот за испраќање европски мировници во Украина.

Според неа, во сегашните услови фокусот на ЕУ треба да биде на ставен на зајакнување на позицијата на Украина затоа што колку таа ќе биде помоќна на бојното поле, толку ќе биде посилна и на преговарачката маса и ќе биде во состојба да каже „не“ на лош договор.

Во врска со вчерашните разговори на американски и руски претставници во Ријад, Калас оценува дека Американците можат да се среќаваат со кого сакаат, но за да успее некој мировен договор во врска со Украина, во разговорите треба да бидат вклучени и Европејците и Украинците.

– Ако биде постигнат некаков договор со кој не се согласуваме, тогаш тој ќе пропадне, бидејќи нема да се спроведе, смета Калас.

Кога станува збор за „црвените линии“ во преговорите, Калас вели дека е важно да не се прифатат сите главни барања на Русија, бидејќи во спротивно руската агресија „навистина ќе се исплати“ затоа што Русите не само што окупираа одредена територија, туку згора на тоа им се даваат и ветувања од другата страна.

– Мислам дека тоа не е добра тактика за преговори, ниту е силна. Ние, од наша страна, поставивме услови што треба да се исполнат. Но, прво, навистина треба да извршиме притисок врз Русија. Тоа е првиот елемент. Во моментов, ако ги погледнете сликите од Саудиска Арабија, Русите се победници. Нивниот став е: „Сега сите доаѓаат кај нас и ни нудат што сакаме“. Да не запаѓаме во руските стапици, изјави Калас.

На прашање дали ЕУ добила гаранции од САД дека мировните преговори со Русија нема да доведат до „пошироко преструктуирање на безбедносната архитектура на Европа“, Калас вели дека на средбите со американските претставници добивале различни пораки, дури и од исти луѓе на различни состаноци.

– Прашање, се разбира, е како да се сфати сето тоа. Тоа што ни го кажуваат на средбите е дека за такво нешто нема да се договорат. Има многу соговорници од американската страна и треба да се приспособиме на начинот на работа со новата Администрација за да ги сфатиме сите пораки. Американците на секоја средба не уверуваа дека се посветени на Европа и работат заедно со нас. Дека се посветени на НАТО и ја сфаќаат безбедносната загриженост на Европа, додава Калас во интервјуто.

Таа вели дека веќе се појавуваат идеи „да се спакуваат работите“ и да се вратиме на состојба како се да е нормално, но сите мора да сфатат дела со секој лош договор само ќе и се овозможи на Русија да се прегрупира и повторно да нападне.

– Ако направиме паралела со историјата, тогаш сме во ситуацијата од 1938 година. Разликата е во тоа што, за разлика од Чехословачка тогаш, Украина сега реши да се бори. Единственото барање од нас е да ги прераспределиме нашите ресурси и да им помогнеме да се одбранат за да нема Светска војна. Не знам како да го пренесам ова во јавноста на различни земји членки, потенцира Калас.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Каласмировни силиризикУкраина

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk