ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Хипер: Русија е криминалецот што ја започна војната во Украина

February 21, 2025 14:19
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сосема е јасно кој е агресорот и кој ја започна војната во Украина, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер запрашана за коментар на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека шефот на украинската држава Володимир Зеленски „не требало да ја започне војната“.

– Русија е агресорот. Русија ја започна војната. Тоа е пример за агресија, што ја видовме насекаде, дел во Грузија, дел во Сирија и дел во Украина. Така што Русија е криминалецот, рече Хипер на денешниот редовна прес-конференција во Европската комисија.

На прашање дали на 11-годишнината од почетокот на руската инвазија на Крим, ЕУ се уште го смета Полуостровот за интегрален дел од украинската територија, Хипер одговори дека за Унијата „Крим е Украина“

– Ние ја поддржуваме Украина во обновата на нејзиниот територијален интегритет, суверенитет и независност. Ние сме целосно со Украина, порача кусо Хипер.

Заменикот главен портпарол на Европската комисија, Стефан де Керсмакер, пак, нагласи дека ставот на Европската Унија е целосно јасен дека е важно да се почитуваат територијалниот суверенитет и независноста на Украина и затоа мора да се запази принципот дека „не е можно решение за Украина без Украина, ниту без ЕУ“.

– Безбедноста на Украина е и безбедност на Европската Унија, порача Де Керсмакер во одговор на прашање дали ЕУ планира да упати некакви пораки до Американската администрација преку францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, кои следната недела ќе го посетат Вашингтон.

Де Керсмакер потврди дека в понеделник претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и членови на Колеџот на комесари ќе престојуваат во Киев за „да ја изразат непоколебливата поддршка на Европа за борбите на Украина за слобода и независност, три години од почетокот на руската целосна агресија“.

Тој информира дека Фон дер Лајен ќе им средба со украинскиот претседател Зеленски, како и дека тие ќе копретседаваат со заедничка седница на Колеџот на комесари и Владата на Украина.

Вчера во објава на Икс и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта соопшти дека в понеделник заедно со Фон дер Лајен ќе го посетат Киев, каде ќе ја потврдат „поддршката за херојскиот украински народ и за демократски избраниот претседател“.

– Понеделник, 24 февруари, е трета годишнина од руската целосна инвазија со целосен размер на Украина. Одлучив да бидам во Киев по овој повод, со Урсула фон дер Лајен, за да ја потврдиме нашата поддршка на херојскиот украински народ и на демократски избраниот претседател Зеленски, наведе Кошта во објавата.

Tags: РусијаУкраинаХипер
Next Post

Додик: Ако бидам осуден ќе ја забранам работата на Судот и на Обвинителството на БиХ во РС

Shortcut

Најново

Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk