ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, во судот прикажани видеа каде Обвинителството тврди дека се гледаат обвинетите, вреќа за спиење, кофи, лопати

February 21, 2025 15:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за убиството на Вања и Панче. Во судница беа прикажани видеа каде Обвинителството тврди дека се гледаат обвинетите, вреќа за спиење, кофи, лопати… Првообвинетиот Палевски, за денеска презентираните материјали, рече дека се манипулирани и неверодостојни и обвини за наметнување лажни докази.

На предлог на Обвинителството на денешното рочиште беа изведени шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, каде се наоѓа материјал од безбедносните камери, што ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24-часовен надзор.

Во видео материјалите, најпрвин се гледа како лице влегува во дворот на Манев, а Обвинителството тврди дека е обвинетиот Боре Видевски, како што тврди, според видео снимките, дека подоцна во дворот дошле и обвинетите Влатко Кешишев и Љупчо Палевски.

– На видеото се забележува како Палевски и Видевски, но и Манев разговараат на микрофоните од радиостаница односно вршат тестирање дали истите функционираат. Забележливо е и дека Палевски на јакната има закачено микрофон, а истото го имаат и Манев и Видевски, посочо обвинителката при изведувањето на доказите.

Според забелешката на Обвинителството, на едно од видеата Палевски носел јакна што на ракавите има бели траки три, а исто така и обвинетиот Манев бил облечен во тренерка што на ракавите има три бели траки.

-Значајно е бидејќи на минатото рочиште имаше видеа од камерите на Романтик кај Велес, беше забележано дека две лица во возилата – по едно во цитроен и рено кангу, на своите ракави имаа бели траки, беше појаснето од страна на обвинителката.

Како што тврди Обвинителството, на едно од видеата, Велибор Манев излегол од дворот и се упатил пеш во правец кон Велес каде се наоѓала куќата на Панче. По Велибор и возилото рено кангу се упатило кон истиот правец кон Велес, каде се наоѓа куќата на оштетениот Панче.

Според видеата што беа презентирани, Обвинителството појаснува дека имало еден неуспешен обид за грабнување и убиство на Вања, на 24 ноември, кога на снимката имало и подавање, најверојатно на црни ракавици, а биле извадени и две лопати и други предмети, две кофи, вреќа за спиење.

Бранителот на Палевски, адвокатот Јовица Страшевски даде приговор за доказите и рече дека му е жал што не можел да реагира директно на снимките. Според него, се гледало препаркирање и движење на возила, без конкретни дејствија.

Палевски во судницата за денеска презентираните материјали рече дека се манипулирани и неверодостојни. Тој обвини за наметнување лажни докази.

Случајот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

За двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски обвинети се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски, кои се произнесоа дека не се чувствуваат виновни.

На минатото рочиште беа изведувани материјални докази од страна на Јавното обвинителство, кои вклучуваа предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Tags: Вањадвојно убиствоПанчесуд
Next Post

Лејди Гага говори за својата кариера и приватниот живот во интервју за ELLE

Shortcut

Најново

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk