ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ: Русија и нејзиното раководство сносат целосна одговорност за војната во Украина

February 24, 2025 15:16
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Русија и нејзиното раководство сносат целосна одговорност за агресијата во Украина. Во исто време, Европската унија ќе продолжи да му обезбедува на Киjив редовна и предвидлива финансиска поддршка, се вели во заедничката изјава на претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по повод третата годишнина од целосната инвазија на Русија на Украина.

„Пред три години Русија ја започна својата целосна и незаконска агресивна војна против Украина. Руската брутална војна намерно гаѓа цивилна и критична инфраструктура. Украинскиот народ покажа храброст во одбраната на својата земја и основните принципи на меѓународното право. Им оддаваме почит на сите оние кои ги жртвуваа своите животи и ги загубија своите најблиски за независноста и слободата на Украина.

Се нагласува дека Русија и нејзиното раководство сносат единствена одговорност за оваа војна и за злосторствата извршени врз украинското население.

„Продолжуваме да повикуваме на одговорност за сите извршени воени злосторства и злосторства против човештвото. Ги поздравуваме неодамнешните чекори направени кон формирањето на Специјален трибунал за злосторство за агресија против Украина“, се истакнува во изјавата.

Понатаму, лидерите на ЕУ потсетуваат дека Европската унија ѝ обезбеди на Украина економска, хуманитарна, финансиска и воена помош во вредност од 135 милијарди евра, вклучително и 48,7 милијарди евра воена помош.

„Европската унија ќе продолжи да и дава на Украина редовна и предвидлива финансиска поддршка, вклучително и реконструкција на земјата по војната“, се вели во соопштението.

Во заедничката изјава, исто така, се споменува и усвојувањето од страна на Европската унија во понеделникот на 16-тиот пакет санкции против Русија „за дополнително зголемување на колективниот притисок врз Русија да стави крај на нејзината војна за агресија“.

„Заедно со нашите партнери воведовме санкции без преседан против Русија и оние кои се вклучени во војната и остануваме подготвени да го зголемиме притисокот врз Русија да ја ограничи нејзината способност да води војна“, стои во соопштението.

Паралелно, блокот презеде активности без преседан на ниво на ЕУ за да го зголеми производството на европската одбранбена индустрија и ќе продолжи да го зголемува својот капацитет, се вели во соопштението. Ова, особено, ќе и овозможи на ЕУ да ја засили својата воена поддршка и соработка со Украина.

Лидерите на ЕУ истакнаа дека Украина „е дел од нашето европско семејство“, потсетувајќи на доделувањето на Украина статус на земја-кандидат за пристап во ЕУ и почетокот на пристапните преговори.

„Ние веќе ја интегрираме Украина во внатрешниот пазар на ЕУ. Иднината на Украина и нејзините граѓани лежи во Европската унија“, велат од ЕУ.

Во соопштението, исто така, се истакнува дека Украина постигна значителен напредок во реформите поврзани со пристапувањето „под најтешките околности“.

„Во предизвикувачко меѓународно и геополитичко опкружување, ја нагласуваме важноста од одржување на трансатлантската и глобалната солидарност со Украина“, рекоа лидерите на ЕУ, нагласувајќи ја потребата да се обезбеди постојан фокус на меѓународната заедница за поддршка на Украина во постигнувањето „сеопфатен, праведен и траен мир заснован на украинската мировна формула“.

„Ние стоиме цврсто со Украина, потврдувајќи дека мирот, безбедноста и правдата ќе надвладеат“, се вели на крајот од заедничката изјава на лидерите на ЕУ.

Д. Мишев / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУзаедничка изјаватри години руска агресија врз Украина

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

July 3, 2025

Фудбалскиот свет се збогува со Диого Жота и неговиот брат Андре Силва

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: На талибански начин се брише македонскиот јазик и македонскиот идентитет од извештајот на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk