ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против бизнисмен од Тетово за даночно затајување

February 25, 2025 10:16
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ф. во својство на сопственик и управител и против четири правни лица поради основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Како што информираат од Управата, првопријавениот како сопственик и управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „БИБАЈ ГРОУП“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, управител на Друштвото за производство, транспорт, трговија и услуги „БИБАЈ“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, сопственик и управител на Друштвото за транспорт, трговија и услуги „Про Тире“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово и сопственик и управител на Друштвото за трговија и услуги „РАЕН“ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во период од 2013 до 2023 година, извршил серија на истородни противправни дејствија со цел намалување на даночната основа за пресметка и плаќање на данокот на добивка, со што сторил кривичното дело „даночно затајување“.

– Првопријавениот Б. Ф во име и за сметка на второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице, во текот на 2022 и 2023 година, префрлил парични средства кон себе како физичко лице на име дадени позајмици во вкупен износ од 3.698.630 денари. Овие средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање и не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, односно не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 369.863 денари, како и не извршил отпис на ненаплатени, неотужени и застарени побарувања од купувачи во земјата и побарувања по основ на дадени позајмици постари од три години. Со тоа за износот од 46.740.281 денари не пресметал, не пријавил и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 4.674.028 денари, како и примените позајмици од третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, кои биле примени пред 2020 година. Не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година, со што не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 30.865.886 денари. На тој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 3.086.588 денари. Со горенаведените дејствија првопријавениот Б. Ф. во корист на второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 8.130.479 денари, соопшти Управата.

Првопријавениот, велат од Управата, во име и за сметка на третопријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, од банкарската сметка на правното лице во периодот од 2013 до 2018 година, префрлил парични средства на име дадени позајмици спрема второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во вкупен износ од 30.865.886 денари, и префрлил парични средства на име дадени позајмици кон себе како физичко лице во вкупен износ од 1.949.308 денари. Тие средства не биле вратени во законски предвидените рокови за враќање, не ги евидентирал во даночните биланси како непризнаени расходи за даночни цели, па така, на крајот на 2018 година на износот од 30.865.886 денари дадени позајмици на правното лице, не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во износ од 3.086.588 денари и на крајот на 2023 година на износот од 1.949.308 денари дадени позајмици на себе како физичко лице не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 194.930 денари, како и застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство,транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово како купувач, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година во вкупен износ од 16.829.868 денари. Не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од член 363 од Законот за облигациони односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година. Со тоа не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 16.829.868 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 1.682.986 денари.

Во име и за сметка на четвртопријавеното правно лице Друштво за транспорт, трговија и услуги ПРО ТИРЕ ДООЕЛ експорт-импорт Тетово во текот на 2023 година, застарените обврски по основ на примени фактури од второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во вкупен износ од 11,522,615 денари, кои биле настанати и евидентирани пред 2020 година, не ги подмирил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на одредбите од член 363 од Законот за облигационите односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година. Со тоа не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 11.522.615 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 1.152.261 денари.

-Првопријавениот во име и за сметка на петтопријавеното правно лице Друштво за трговија и услуги РАЕН ДООЕЛ експорт-импорт Тетово со ЕМБС: 7246030 и ЕДБ:4028017533750 во текот на 2023 година, застарените обврски по основ на примени позајмици од второпријавеното правно лице Друштво за производство, транспорт, трговија и услуги БИБАЈ ГРОУП ДООЕЛ експорт-импорт Тетово, во вкупен износ од 18.384.805 денари, кои биле примени и евидентирани пред 2020 година, не ги вратил и не ги отпишал, постапувајќи спротивно на член 363 од Законот за облигациони односи, според кој се застарени и треба да се отпишат и приходуваат по истекот на третата година. Со тоа не извршил зголемување на приходот во билансот на успех и прикажал помала даночна основица во поднесената завршна сметка и даночниот биланс за данок на добивка во висина од 18.384.005 денари, на кој износ не е пресметан и платен данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во висина од 1.838.400 денари, посочуваат од Управата.

Со горенаведените противправни дејствија, Б.Ф со намера да ја намали даночната обврска за утврдување на данок на добивка со цел да одбегне плаќање на данок во периодот од 2013 до 2023 година не пријавил, не пресметал и не платил данок на добивка по даночна стапка од 10 отсто во вкупен износ од 16.085.644 денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бизнисменкривична пријаваТетовоФинансиска полиција

НАЈНОВО

Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

May 19, 2025
Аурора на Марс. Уметничка илустрација: Emirates Mars Mission

Зошто небото на Марс ќе стане зелено оваа недела

May 19, 2025

Филипче: Владата да одговори дали е спремна да разговара за примање мигранти во нашата земја?

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk